inFORM е нов тип на дисплеј кој е буквално три димензионален и тоа на физичко ниво. Екранот е составен од илјадници стапчиња кои се поместуваат во 3Д формата. Задвижувачите се доволно силни и можат дури и да придвижат објекти кои се поставени на „екранот“. Читањето на гестикулациите и положбата на рацете или предметите е со помош на Microsoft Kinect контролерот.
Уредот е дело на Даниел Леитингер, Шон Фолмер и професорот Хироши Иши од MIT Универзитетот. Засега inForm е само еден чекор кон конечно остварување на идејата на креаторите за дисплеј кој ќе биде составен од материјали кои ќе можат да ја променат својата форма и изглед. Засега стапчињата се замена за пикселите на мониторите, но во иднина некои нови материјали ќе треба да ги заменат со што и резолуцијата ќе стане значително подобра.
inFORM – Interacting With a Dynamic Shape Display from Tangible Media Group on Vimeo.







