Snapchat во Европа овозможи купување и креирање на гео-филтри преку телефон

во Свет

Image courtesy of Snapchat

Snapchat тестира нов начин за заработка во Европа. Друштвената мрежа ќе овозможи креирање на „on-demand“ гео-филтри. Функционалноста не е нова, но досега корисниците мораа да користат десктоп за да ги креираат налепниците.

Корисникот откако ќе ја креира сликата со која е задоволен, може да ја купи и да ја користи. Наплатата е преку микро-трансакција од апликацијата, вели Next Web. Потоа, овие филтри може да се користат на различен простор. Од површина од 1.800 m2 па се до 450.000 m2. Цената зависи од големината на локацијата, но и од времетрањето на геофилтерот. Најниската цена е 7 евра.

Пред да се израдувате и да почнете да го замислувате вашиот геофилтер, услугата не е достапна во Македонија. Засега сервисот е отворен во: САД, Канада, Велика Британија, Франција, Холандија, Данска, Шведска, Норвешка и Финска.

Упатства и совети за крирање на геофилтрите Snapchat презентираше на својата страница.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments