0 коментари 1 мин. читање

Snap го купи израелскиот стартап за проширена реалност – Cimagine Media

Дали иднината на Snapchat е во проширената реалност? Компанијата се подготвува за оваа промена и го купи израелскиот стартап Cimagine Media за сума од 30 – 40 милиони долари, пренесе израелскиот Calcalist [Google translate].

Технологијата на Cimagine овозможува уредување на слики во реално време. Така може да се вметнат најразлични додатоци во сликите. Ова ќе овозможи онлaјн продавниците да понудат можност за додавање на производот директно во просторот во кој ќе се наоѓаат.

Она што би го овозможил Cimagine е маркетинг директно во Snap. Засега платформата нема дел за онлајн продажба, но ова може да се промени во иднина. Ова ќе отвори можности за дополнителна заработка за Snap, иако друштвената мрежа веќе има неколку интересни замисли за монетаризација.

Иако нема официјална потврда за интеграцијата на технологијата во Snap, но може да замислиме 3д-модели кои ќе ги заменат сегашните налепници. Cimagine овозможува вметнување на виртуелни слики како електрични апарати или мебел.

Дополнително стартапот ќе овозможи креирање на база за Snap во Израел, можеби втората најдобра стартап локација по Силициумската Долина. Освен во Израел компанијата има канцеларии во Велика Британија и Австралија. Microsoft и Inc. го прогласија Cimagine за една од најветувачките технологии.

https://youtu.be/j0_IoPNAHLo

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top