0 коментари 2 мин. читање 3 јануари, 2017

Smile Vector ја најавува иднината на софтверот за уредување на слики

Smile Vector е Тwitter-бот кој може да ги направи ликовите на сликите насмеани, но и сосем да ги измени. Резултатите се поделени. Некои се многу добри, а некои не се премногу веродостојни.

Ова е само почеток на примената на вештачката интелигенција за уредување на слики. Со дополнително внесување на слики и со подобрување на алгоритмите, обработката на слики без сомневање ќе стане поедноставна. Уредувањето на слики сега и додавање на насмевки како во Smile Vector, не е едноставно. Потребни се часови работа и често резултатите не се доволно добри.

„Мислам дека ова ќе биде огромен исчекор напред. Не само на нашата можост да ги манипулираме сликите туку и на нивната распространетост. Не верувам деко многу луѓе надвор од вештачката интелигенција го знаат ова. Може да замислите филтер на Instagram кој покажува: повеќе насмевка – помалку насмевка. Наеднаш филтерот им е во џебот на сите и сите можат да го користат.“, вели Том Вајт креатор на Smile Vector, за Verge.

За навистина добри обработки на слики подолго време нема да може да се потпираме единствено на вештачката интелигенција. Сепак ботови како Smile Vector наскоро би можеле да станат дополнителна функционалност на некоја од платформите за споделување на слики.

Создавањето на подобри алатки во голема мера ќе го олесни креирањето на лажни слики. Ботовите секако ќе го олеснат уредувањето на слики за корисниците кои не се експерти. Иако без сомневање ќе има куп керирани лажни фотографии, ова ќе овозможи и креирање на поквалитетни слики.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top