EURO 2020 Official е официјална апликација на Европското фудбалско првенство кое започнува овој викенд. Апликацијата е креирана од UEFA и е бесплатна за преземање. Тоа што е најважно е дека оваа година на финалниот турнир може да ја следиме и македонската фудбалска репрезентација.
Првенството започнува на 11 јуни со натпреварот помеѓу Турција и Италија. Она што повеќе нѐ интересира Македонија го игра првиот натпревар на 13 јуни со Австрија. За да не пропуштите некој натпревар нотификациите од EURO 2020 ќе ве потсетат на време.
Апликацијата не е премногу тешка за користење. На почеток корисникот одбира репрезентации кои ги следи и својата омилена репрезентација. Тоа е доволно за да ги добивате нотификациите, а апликацијата има уште тон содржини и функционалности, од fantasy-лига, па се до поткасти за фудбал, најубав гол на колото, податоци за статистиката на фудбалерите и уште многу други информации.
Добра вест за сите е дека EURO 2020 Official е достапна и за сопствениците на iPhone, и за сопствениците на Android. Сѐ што треба да направите е да отидете на соодветната продавница и да ја преземете апликацијата.