0 коментари 1 мин. читање

Skype за веб сега е достапен и без регистрација на профил

Новата надградба за популарниот сервис за: инстант комуникација, аудио и видео разговор – Skype, овозможува разговор без креирање на профил. Ова ќе им овозможи на сите набрзина да се вклучат во разговорите, дури и ако не сакаат да направат свој профил и да поминат низ чекорите за регистрација.

Корисникот треба да пристапи на Skype.com  и да одбере да започне разговор (start a conversation) и само да внесе име. Потоа ќе добие линк кој може да го сподели со луѓето со кои сака да разговара. Начинот за споделување на линкот е било кој од постоечките, дали имејл, порака или друштвени мрежи.

https://youtu.be/j7SxypblIlw

Линкот е со траење од 24-часа, а за корисниците кои ќе го користат нема да бидат достапни дополнителните опции како повици кон телефонски броеви и преведувачот.

Услугата овозможува тестирање на Skype за нови корисници, но се чини дека нема да има преголема употреба. Она што ќе биде овозможено е видео разговор, па можеби услугата може да биде корисна кога некој од сервисите не овозможува видео повик, па Skype ќе пристигне како дополнителна можност.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top