Сите телефони се исти и сите можат да се хакнат

За да докаже дека сите телефони се подеднакво небезбедни, white hat хакерoт од Германија, Карстен Нол, успеа на емисијата 60 Minutes на CBS да хакне iPhone преку SS7 мрежата, која е центар на мобилната комуникација. „Со помош на телефонскиот број може да дознаете каде се наоѓаат луѓето, каде работат, со кои луѓе се среќаваат. Може да шпионирате кого бараат и што зборуваат на телефонот. А може и да ги читате нивните пораки“, објасни тој.

Тој за само неколку минути дојде до имејл адресата на конгресменот Тед Лиу на кој новинарската екипа му позајми iPhone. Потоа можеше да ги прегледа сите апликации на телефонот, и поважно, сите картички поврзани на профилот.

„Денес на светот постојат два типа на компании или два типа на луѓе. Оние чии телефони се хакирани и го знаат ова, и оние чии телефони се хакирани и мислат дека не се“.

Дел од презентацијата беше и вклучување на камерата на телефонот и добивање на видео од неа. По испраќањето на злонамерен софтвер, екранот на телефонот воопшто не се вклучи, ниту некој притисна на пораката, но камерата започна да емитува видео. Апликациите на телефонот, типот на телефонот или пинот немаат никаква врска со следењето. Злонамерен хакер не би останал само на еден од телефоните и може да ги следи и сите останати телефони кои ќе ги побара корисникот на телефонот чии број го следат.

Според г. Нол безбедносните агенции знаат за поропустот, но не реагираат бидејќи им овозможува да следат било кого. На овој начин агенциите доаѓаат до податоци, но несомнено не се единствените кои ги следат луѓето.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
the_unpredictable
the_unpredictable
6 years ago

ХакерСка , да не е Хакерка ? :)