Семантичкио пребарувач Wolfram Alpha за само четри месеци одкако се активираше Siri, гласовниот асистент на iPhone 4S, доби значително зголемување на пребарувањата. За сега 25 отсто од сите пребарувања на Wolfram Alpha се одвиваат преку Siri.
Wolfram Alpha го привлече вниманието уште од самото најавување и BETA тестирање кога воведе голем број на иновативни начини на презентација на бараните информации и семантичка интерпретација на пребарувањата, нешто што дури и најголемите пребарувачи сè уште полека имплементираат.
Сега изгледа дека Wolfram Alpha е дел од доста успешна врска со Apple (Wolfram има соработка и со Microsoft) која несомнено ќе влијае и понатаму да се развива во бројки поголеми од 25% од целокипните пребарувања, посебно кога ќе биде претставен новиот iPad 3 со овозможен Siri асистент и сите останати нови сопственици на iOS 5 уреди.
Wolfram Alpha најави и Pro верзија која ќе стартува на 08 февруари и за која ќе се плаќа по 4,99 долари месечно. Pro верзијата ќе овозможи пребарување со слики, фајлови, дури и можност корисникот да си внесе свои информации наместо да внесува текст.
[youtube]rRGNS6z5bLY[/youtube]







