Симнувањето апликации ќе експлодира благодарение на таблет компјутерите

Главните виновници за оваа експлозија се таблет компјутерите (заедно со паметните телефони), било да се работи за најпопуларниот iPad на Apple или ривалски таблет компјутери.

Продавницата на Apple се уште е водечка во овој сектор, со преку 90% од вкупниот број на апликации симнати од таму. Квалитетот на услугата на Apple им е најголемиот адут, правејќи корисниците да ја изберат нивната продавница пред сите други. Но, Andriod има пак различна филозофија од Apple, која е отворена и дозволува во нивната продавница да се продаваат и непроверени апликации, која придонесува за намалување на квалитетот кој го нудат. Исто така познато е и дека една апликација која супер работи на еден Android телефон, можеби нема да работи исто на друг.

Малку повеќе околу профитот

Овој пазар во текот на изминатите години експоненцијално расте, носејќи 2.5 милијарди до крајот на 2009, 11.2 до крајот на 2010 и се предвидува да донесе околу 28.9 милијарди до крајот на оваа година. И како што веќе и кажавме, 185 милијарди до крајот на 2014 година!

Apple ќе остане највлијателен на ова поле поради големата предност што ја има, прогнозира Gartner. Во секој случај, овој пазар ќе расте без запирање во блиска иднина, па може да и да се појави некој доволно јак конкурент.

„Таблет компјутерите ќе го поттикнат симнувањето на апликациите. Многумина мислат дека лудилото по апликации….е само мода. Ние не мислиме така.“, вели аналитичарката на Gartner, Стефани Багдасариан.

Па, развивачи на вакви апликации ова е вашето време! Оние кои се во оваа професија а сеуште не се впуштиле во откривањето на овие технологии, подобро би било да го “фатат тој воз рано” затоа што водејќи се од изјавата на Applе, ова ќе биде доминантен пазар во нашата блиска иднина.

(via Computer World)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments