Zero energy објекти се објекти кои не трошат електрична енергија, поточно колку што трошат толку и произведуваат. Енергијата вообичаено се обезбедува од обновливи извори. На годишно ниво потрошната енергија е еднаква на енергијата од обновливи изовори произведена во објектите.

Ова не значи дека објектот воопшто не се снабдува со електрична енергија од мрежата, туку во еден период објектот троши повеќе електрична енергија отколку што произведува, а во друг период произведува повеќе. На крајот на годината произведената енергија е еднаква на потрошената. На пример, во текот на зимата се произведува помалку енергија и се троши енергија за загревање, но во текот на летото се произведува повеќе енергија отколку што е потребно. така на електричната мрежа може да се гледа на своевидна „батерија“ во која корисниците го чуваат вишокот на електрична енергија.
Планот на Европската Унија е сите нови згради да бидат nZEB, односно со речиси 0 потрошувачка. Ова значи дека објектите треба да имаат одлична термичка изолација, а електричната енергија ќе се обезбедува со фотоволтаици и со ветрогенератори. Сепак за генерирање на електрична енергија може да се користи и отпадот, а во зависност од локацијата, и енергијата на водата.
Овие објекти може, но не мора да бидат приклучени на електрична мрежа. Доколку имаат поволна положба и батерии/складишта за енергија, можно е да функционираат независно од мрежата.
Дизајнот и конструкцијата на ваквите објекти е посебен проблем. Се разгледува идеална поставеност за локацијата, се користат алатки за 3д моделирање и проценки за трошење на електричната енергија. Се симулираат разлни временски услови за да се обезбеди дека вратите и прозорците се идеално поставени и слично. Сепак ова и не е без предизвици. Во моментов најголемите предизвици се однесуваат на можностите на сегашната технологија, капацитетот на мрежа и пристап. Дополнително, тука се и пазарните проблеми. Во Македонија, но и во светот проблем е и законската регулатива која треба да се усогласи за овие објекти.
Факултетот за електротехника и информациски технологии најави дека на една од зградите на факултетот во Скопје ќе биде инсталиран 7 kWh систем за складирање на енергија.
Целта на префрлањето на вакави објекти е да се намали зависноста на домаќинствата од фосилни горива. Засега на снабдување на домаќинствата се троши дури 40% од фосилните горива.