Што може да заклучиме од говорот на телото на познатите претприемачи?

Говорот на тело е клучен кога се во прашање презентациите и успехот на некои од најуспешните претприемачи, смета Керол Кинси Гоман, експерт за говор на тело. Таа сподели дел од своите размислувања за најуспешните претприемачи и основачи на компании, со Inc. Говорот на телото е клучен фактор за лидерство бидејќи не е важно само што зборувате, туку како зборувате. Клучот, вели г-ѓа. Гоман, е во позитивните реакции.

  • Ричард Брансон, основачот на Virgin, претпочита „fist bump“ пред ракување, бидејќи ова е неконвенционална како и самиот г. Брансон. Сепак ракувањето остава подобар впечаток кај традиционалните бизнис партнери, па најверојатно г. Брансон се ракува само со своите партнери, вели г-ѓа. Гоман.
  • Џек Ма, основачот на кинеската продавница Alibaba, во своите презентации често користи два кренати палци. Во Кина ова е симбол на Буда, а за среќа и во остатокот на светот има позитивен контекст.
  • Марк Закерберг, основачот на Facebook, во своите говори се обидува да ја „имитира“ публиката, со тоа покажува дека се обидува да ја разбере публиката и тоа што тие го размислуваат и го мислат во моментот.
  • Стив Џобс, основач на Apple, е најверојатно еден од најдобрите говорници на презентациите. Toj преку сопствената „манијакална“ енергија ја предава возбудата до гледачите, притоа остварувајќи силен контакт со поглед кон публиката, наместо да гледа низ публиката. Ова му овозможуваше публиката постојана ода биде ангажирана, во текот на целата презентација.
  • Марк Кјубан, сопственик на Dallas Mavericks, има уникатна насмевка, што ја дели со претседателот Барак Обама. Toj, вели г-ѓа. Гоман, се смее со своите очи.

Без разлика на говорот на телото, мора да пронајдете сопствен стил кој ќе овозможи контакт со публиката, но истовремено ќе потекнува од говорникот, во спротивно публиката нема да ви поверува, вели Керол Кинси Гоман.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk