Што е подобро – облак или екстерен диск за бекап?

Avatar img-thumbnail img-circle

во Совети

Веројатно веќе сте дошле во ситуација во која немате слободен простор на хард-дискот, а нема што да избришете. Вообичаено ова е добро време за нов поголем диск или за креирање на бекап и бришење на податоците.

Ако до пред десетина години нов диск или копирање на податоците на некој физички медиум беа единствена опција, ова веќе не е случај. Сега може да изберете помеѓу бекап хард-диск или чување на податоци во облакот. Двете опции имаат свои предности, иако се чини дека сега облакот е подобар избор.

Една од предностите за чување на податоци во облакот е можност за синхронизација на фајловите што ќе спречи непредвиден дефект да ве остави неподготвени.

Дополнително, корисниците имаат пристап до овие податоци било каде и од било кој уред. Синхронизацијата на фајловите овозможува и офлајн работа на истите.

Предност на екстерните дискови е безбедноста. Иако безбедноста е значително поголема отколку во првите години, сепак вешт хакер теоретски би можел да дојде до овие податоци. За податоците од екстерниот диск потребно е да има физички пристап до дискот. Дополнително, дел од екстерните дискови доаѓаат со 128-битни клучеви за заштита од неавторизиран пристап до податоците.

Веројатно најголем проблем на облакот е претплатата, иако цената намалена, на долг рок екстерен диск сè уште е поевтина опција. Секако за оние корисници кои имаат податоци за кои им е потребна поголема доверливост, чувањето на податоци во облакот е незаменливо. Генерално, ако податоците за кои ви е потребен бекап не сакате да ги загубите, облак е подобар избор. Ако се податоци кои не се премногу важни и можете и без нив, тогаш екстерен диск е подобар избор. Секако во време на „ransomware“ бекап е речиси задолжителен.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments