0 коментари 3 мин. читање 4 ноември, 2014

Шпанија воведе Google Tax за да си ги заштити медиумите

Шпанија донесе закон со кој се предвидени дополнителни давачки за агрегаторите како Google, јави Guardian. Овој данок ќе им овозможи на весниците од Шпанија да бараат месечни приходи од Google aко ги постави нивните содржини во резултатите. Медиумите го обвинуваат Google дека прави пари од нивната содржина без да мрдне со прст, додека Google вели дека им помага со дистрибуција на содржината со 10 милијарди посети секој месец.

Популарното име на овој данок во Шпанија е „Google Tax“ и веќе се користи во Германија, а од неодамна новиот еврокомесар за дигитална економија и општество, Гундер Отингер, најави дека сака да го воведе Google Таx низ цела Европа. Идејата на еврокомесарот е Google и другите пребарувачи да плаќаат за авторската содржина која ќе ја прикажуваат како резултат, односно да одделат дел од рекламите и за авторите. На Google му е дозволено да прикажува линкови и наслови, но не и дел од содржината. Иако законот во Германија направи медиумите да се повлечат од Google, со идеја да си ги заштитат делата, на крај се вратија велејќи дека Google има преголема маркетинг моќ. Истото може да се случи и во Шпанија, и во Европа доколку еврокомесарот Отингер успее со својот план.

Покрај овој закон, Шпанија стана поригорозна кога е во прашање споделување на линкови кои ги повредуваат авторските права. Отсега за сите сајтови, без разлика дали заработуваат од линковите или не, следи казна од 600.000 евра доколку навремно не ги отстранат истите. Интересно 600.00 евра е и казната која би ја исплатил Google доколу не ги исплати издавачите во Шпанија.

Google засега вели дека ќе ги поддржува одлуката на Шпанија, но и дека тој може да им користи на медиумите.

„Веруваме дека сервисите како Google News им помагаат на издавачите и носат посетители до нивниот сајт. Што се однесува до иднината, ќе ја продолжиме соработката со издавачите во Шпанија да им помогнеме да ги зголемат своите приходи додека размислуваме околу можностите кои не преостануваат со новиот закон“, велат од Google.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top