Шампионатот во League of Legends ќе се одржи во Европа

во Свет, Софтвер

Светскиот шампионат во League of Legends оваа година ќе се одржи во Европа, објави Riot Games. Настанот е закажан за октомври, а шампионатот ќе се одржи во повеќе држави и градови во Европа.

„Ја продолжуваме праксата од минатата година, Worlds 2015 ќе биде мулти-државен настан кој ќе се одржи во повеќе градови. Групната фаза, четвртфиналето, полуфиналето и финалето ќе бидат одржани во различни градови во Европа. Наша цел е да донесеме е-спорт во живо за широка публика за сите љубители во Европа и дa овозможиме разноврсна позадина за љубителите кои не гледаат од дома.“, велат од Riot Games.

За сега нема податоци за форматот, државите и градовите за турнирот, а повеќе податоци ќе дознаеме следните месеци. Ова е втор Светски шампионат кој ќе се одржи во Европа, па па првиот одржан во 2011 година, League of Legends се враќа на европско тло. Претходниот шампионат во Европа кој истовремено беше и прв за League of Legends се одржa во Јонкпинг, Шведска. Toa во што сме сигурни е дека ќе има огромна публика.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk