Серискиот „swatter“ – „SWAuTistic“, уапсен благодарение на хакерот „Cosmo the God“

во Вести

Минатата недела полицијата во Канзас пукаше и го уби 28 годишниот Ендрју Финч кој беше невооружен. Причината за ова е лажна дојава (swatting), по што полицијата не можела точно да ја процени опасноста.

Осомничен за лажната пријава е Тајлер Раж Барис, познат како „SWAuTistic“. Ова не е негова прва лажна дојава, а веќе и е осуден за лажни дојави. Барис беше во затвор откако во 2016 година пријави дека има поставено бомба во подружницата на ABC во Лос Анџелес. Сепак беше пуштен порано, во јануари 2017 година. SWAuTistic ги зема „заслугите“ и за прекинот на седницата на Федералната комисија за комуникација, кога истата одлучуваше за интерент неутралноста.

Причината за пукањето во Ендрју Финч, е идиотски предизвик. Во текот на сесија на Call of Duty еден од гејмеррите го предизвика г. Барис да испрати специјалци на негова адреса, но му дал лажна адреса на која живеел г. Финч. Полицијатата ја заобиколила куќата во Канзас, и ги повикала луѓето внатре да излезат со кренати раце. За жал, еден од полицајците со еден истрелан куршум го усмрти г. Финч откако посегнал по појасот.

Она што е поинтересно е што во апсењето на г. Барис помогна хакер, кој и самиот поднeсува лажни пријави до полицијата. Ерик „Cosmo the God“ Тејлор праќаше пријави за домови на познати личности, но и за безбедносниот експерт Брајан Кребс. Г. Тејлор понуди 7.777 долари во биткоин за податок за идентитетот на SWAuTistic. Неколку луѓе кои тврдеа дека го знаат идентитетот на осмоничениот го пријавија г. Барис  и неговата локација, објаснува Krebsonsecurity.

SWAuTistic заработувал од лажните пријави. Тој по нарачка испраќал полиција на адреси, а оваа „услуга“ ја наплаќал. Секоја година најмалку 400 лажни пријави стигаат до полициајта.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments