Семафорите се премногу лесни за хакирање

Се сеќавате на сцената од Супермен 3 во која Ричард Прајор како компјутерски волшебник ги менува сигналите на семафорите? Истражувачкиот тим од Универзитетот Мичиген предупредува дека хакирањето на семафорите е премногу лесно, се што е потребно е лаптоп и вистинско радио, објавија во својот труд.

Истражувањето е направено во Мичиген, а тимот без проблем ја преземал контролата над стотина семафори на сите раскрсници во градот. Проблемот со безбедноста и семафорите произлегува од тоа што за да заштеди и да ја зголеми флексибилноста при додавањето на нови семафори, градот се одлучил семафорите да се поврзат преку безжична мрежа наместо со физичка врска.

Семафорите и раскрсниците помеѓу себе се поврзани преку радио врска. Тимот дури успеа да го „види“ сообраќајот помеѓу различните раскрсници со користење на лаптоп и паметен телефон, но сепак за да можат да се приклучат на мрежата мораа да го користат оригиналното радиото кое е вградено во семафорите. Овие радија вообичаено не се достапни на продажба за јавноста, но ова не значи дека не може да се направат, вели Ars Technica. Според истражувачите најголема опасност е активирањето на функцијата „расипан семафор“ за чие исклучување е потребно рачно реактивирање на семафорот, па напаѓачите ќе можат да ја исклучат мрежата, благодарение на тоа што времето потребно за реактивирање е подолго од она кое ним им е потребно за гасење на семафорот.

За заштита на семафорите тимот предлага заштита на секој уред со firewall и поригорозна контрола на типот на сообраќај кој е дозволен, со што речиси мрежата би се изолирала.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk