ComicCon San Diego е една од ретките можности возрасните да се шетаат маскирани во своите омилени стрип јунаци без притоа да бидат цел на зачудени погледи. Се чини дека ѕвезди на првиот ден се креаторите на Pacific Rim, на кои им текна дека нема подобар начин да го промовираат својот филм отколку да ги стават посетителите директно во филмот. Благодарение на Oculus Rift посетителите на ComicCon можат да се видат во улога на пилоти во огромните роботи-Jaeger.
„Со ставање на Oculus веднаш сте уфрлени во кокпитот на Gipsy Danger, точно во моментот пред првата борба во филмот. Чарли Хунам ве води низ целото искуство пред да биде изваден од кокпитот од Kaiju“, велат од Verge кои го посетија ComicCon.
Целото искуство е креирано во Unreal Engine 4 користејќи ги истите материјали кои им беа достапни на Industrial Light & Magic. Пред околу половина година Oculus беше искористен и за доловување на „Качувањето по Ѕидот“, носејќи ги посетителите на SXSW во светот на Game of Thrones. Се чини дека времето на Oculus доаѓа, а со нетрпени чекаме да видиме што ново може да ни прикажат креаторите на серии, филмови, видеоигри и најразлични содржини благодерение на Oculus RIft.
[youtube]fIqwcpcgHwY[/youtube]







