0 коментари 1 мин. читање 7 март, 2017

Sedric е иднината на Volkswagen

На Саемот за автомобили во Женева, Volkswagen Group го претстави новиот концепт автомобил Sedric. Возилото е со петто ниво на автономија (потполна автономија) и е иднината на оваа компанија. Автомобилот е прво потполно автономно возило на германскиот производител, целосно изработен од Volkswagen.

Како и автономното возилот на Google и Sedric доаѓа без волан и педали. Сличен е и дизајнот на двете возила, иако Sedric е малку „покоцкаст“. Засега Sedric (Self Driving Car) е концепт и за жал не постои. Возилото е одличен показател за насоката во која Volkswagen ќе ги развива автономните возила. Електрични, впогонувани од вештачка интелигенција, потполно автономни и членови на семејството.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}