Телевизорот кој Samsung го презентираше na CES 2014, 105-инчен 4К телевизор со заоблен екран, импресионираше со димензиите но и со цената. Неверојатни 120.000 американски долари се потребни за негово купување!
Екранот на телевизорот е со сооднос 21:9 што прави да биде со димензии од приближно 250х105 сантиметри.
„Продолжуваме да поставуваме стандарди како лидерни на UHD пазарот, со креирање на телевизори со најдобар квалитет на слика, дизајн и најдобро искуство во центарот за домашна забава“ велат од Samsung.
Телевизорот има резолуција 5,120х2,160, 11 милиони пиксели, доаѓа со популарната Samsung Smart TV платформа и можност да се „подели“ на четири различни екрани, па дури и постољето за телвизорот изгледа навистина одлично.
Сепак останува констатацијата дека најимпозантна карактеристика му е што успева да направи, 105-инчниот 4К LG телевизор кој чини 70.000 долари да изгледа како добра зделка.