Samsung претстави уште еден Galaxy изработен од метал

во Мобилни

Samsung го претстави својот најтенок паметен телефон до сега, но можеби поважно е што повторно, по Alpha, Samsung излегува со убав телефон кој е изработен од метал, наместо досегашните пластични модели. Но, освен изгледот, телефонот доаѓа со добри перформанси – поточно, со два четири-јадрени процесори, велат податоците на GSM Arena. Првиот процесор е четири-јадрен на 1.8GHz, а вториот е на 1.3GHz и 64-битен Qualcomm Snapdragon 615 чип. Екранот на телефонот е 5.5-инчен 1080р Super AMOLED, а телефонот доаѓа со 16GB слободен простор и 2GB RAM, задна 13МР камера и предна 5МР камера.

Samsung Galaxy A7 најпрво ќе биде достапен во Малезија, веќе од следниот месец, а ќе чини околу 354 евра. Останува да видиме дали Galaxy A7 ќе може да се натпреварува со Xiaomi на азискиот пазар и дали ќе успее да се наметне како телефон кој ќе биде главен избор во средната класа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk