Гласините дека Apple оваа година ќе презентира iPhone со значително погoлем екран, не ги оставија рамнодушни ниту во Samsung.
Јужнокорејската компанија превентивно го нападна најавениот iPhone, со потсетувањето дека компанијата ветува поголем екран изминативе две години.
Ваквите нападите од Samsung најверојатно не се изненадување, но сепак станува збор прв пат компанијата да критикува уред кој сеуште не е на пазарот.
Покрај појавувањето на Samsung Galaxy S5 во рекламата, сепак видеото повеќе наликува на спот со кој Samsung само ги исмева Apple без притоа да има причина за вакво нешто. Од друга страна пак ќе биде интересно да се види и објаснувањето на Apple кој долго време тврди дека големите екрани не се предност кај паметните телефони, бидејќи тешко или воопшто не се контролираат со една рака.







