0 коментари 2 мин. читање 3 јануари, 2018

Samsung најавува паметни очила за луѓето со оштетен вид

Samsung на саемот за електроника во Лас Вегас (CES 2018) ќе претстави очила за луѓето со оштетен вид. Апликација за паметни телефони Relumino, во комбинација со уредите за виртуелна реалност.

Задната камера на телефоните на Samsung, вметнати во Gear VR се користи за снимање на околината. Потоа, снимениот материјал се зголемува, се менуваат боите и контрастот, за предметите да бидат полесни за забележување. Samsung развива и ќе презентира и очила токму за оваа пригода.

Наместо телефон и Samsung Gear VR, паметните очила ќе бидат посамостоен уред. Сепак, и за очилата ќе биде потребен паметен телефон. Очилата од телефонот ќе ги „позајмуваат“ процесирачките можности. Очилата ќе доаѓаат со камера и екран и ќе бидат многу попрактични од GearVR.

https://www.youtube.com/watch?v=cmal7zgwlMU

Саемот за електроника традиционално се одржува во јануари, и е првиот навистина голем настан на кој се презентира нова технологија. Оваа година настанот започнува на 5 јануари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top