Осносите помеѓу Саудиска Арабија и Канада се влошени. Саудиска Арабија го избрка канадскиот амбасадор и го повлече својот амбасадор од Канада; ја суспендираше трговијата и инвестициите во Канада; па дури и ги прекина директните летови до Торонто на државниот авиопревозник.
Листата мерки, која не завршува на ова, покажува дека односите помеѓу двете држави се најлоши што биле во последните неколку години.
Спорот помеѓу Саудиска Арабија и Канада започна на Twitter, со објавата на Кристија Фриленд, министер за надворешни работи на Канада.
Very alarmed to learn that Samar Badawi, Raif Badawi’s sister, has been imprisoned in Saudi Arabia. Canada stands together with the Badawi family in this difficult time, and we continue to strongly call for the release of both Raif and Samar Badawi.
— Chrystia Freeland (@cafreeland) August 2, 2018
Таа објави дека се потресени од веста за апсење на Самар Бадави, активистка од Саудиска Арабија, и дека „Канада сочувствува со семејството Бадави“. Следниот ден, на 3 август, Камада побара ослободување на Самар Бадави и сите активисти за човекови права.
Саудиска Арабија реагираше остро со обвинување дека ова е мешање во внатрешните работи.
Оттаму ситуацијата ескалираше уште повеќе. На крајот Саудиска Арабија побара и да се префрлат нивните студенти од Канада во други држави; ги префли пациентите од канадските болници и започна да го продава својот имот во Канaда, јави Vox.
Апсењата се направени по наредба на 32-годишниот принц Мохамед бин Саламан кој е и престолонаследник. Иако бин Саламан ветуваше дека ќе биде со поотворени сфаќања, сепак се чини дека во Саудиска Арабија долго нема да има промени…
Canada deeply concerned by Saudi Arabia’s expulsion of Canadian ambassador. More information: https://t.co/FCOFR65VbO
— Chrystia Freeland (@cafreeland) August 6, 2018
Реакцијата на Саудијците воопшто не ја обесхраби Канада. Во реакцијата по повод отстранувањето на канадскиот амбасадор објавија:
„Канада ќе продолжи да ги брани човековите права и храбрите жени и мажи кои се залагаат за овие права насекаде во светот“.