Сајбер-криминалците пронајдоа нов начин за дополнителна заработка

Група сајбер-криминалци која се потпишува како STD Company, им се  заканува на компаниите дека ќе има ја уништи онлајн репутацијата ако не платат. Сејаји станува збор за нешто што би можело да се карактеризира единствено како онлајн рекет.

Дел од алатките на располагање на групата се Twitter ботови, лажни прегледи и коментари на Instagram. Со овие алатки криминалците може да го уништат угледот на онлајн бизнисите.

Неодамна компанијата CheapAir имаше непријатно искуство со STD Company. CheapAir е малечка компанија која на корисниците им помага да ги пронајдат најевтините летови од една до друга локација. Она што е најнепријатно во целата ситуација е што жртвата нема начин да се заштити од овие напади.

„Експерти сме за уништување на личната и компаниска онлајн репутација. Штом ја завршиме нашата работа, дури и ако страницата ви остане на Google, бидете убедени дека предната страница ќе биде преполна со негативни коментари за вашата компанија“, пишува пораката која ја објави Motherboard.

SEO е веројатно најважниот најважниот начин на кој денес корисниците денес решаваат некои од своите проблеми и пронаоѓаат бизниси. Поради ова оптимизацијата на пребарувачот, но и онлајн репутацијата се исклучително важни. За жал, манипулацијата со онлајн коментарите е и премногу лесна. За злоупотребата не е потребна којзнае колкава вештина, но потребна е упорност.

Најчесто ова подразбира користење на злонамерни коментари и нивно споделување преку друштвените мрежи. Најчесто споделувањето се прави преку ботови, но секако не е исклучено дека коментарите ги споделуваат и вистински корисници. „CheapAir се тотални измамници. Загубив 1440 долари и ја игнорираат мојата пошта. Луѓе седете подалеку од CheapAir“, вели порака објавена на Twitter. Оваа порака потоа е споделена од 1 100 ботови. Негативни коментари се појавија и на Instagram, коментари кои ги „предупредуваат“ корисниците да не ги користат услугите на CheapAir.

Сепак најверојатно најболниот дел од целиот напад е преполнување на коментарите на сајтот со нерелевантни линкови. Пораката вели дека коментираат со линкови до сајтови за продажба на „таблети за пенис“. Ова ќе го намали рангот на Google, а со тоа и сервисот ќе биде потежок за пронаоѓање.

„Дефинитивно нема да им платиме на овие сајбер силеџии, но сепак ќе мора да одделиме многу време и ресурси да се справиме со нив“, вели Џеф Кли, директор на CheapAir.

Имејл адресата од која потекнува електронската пошта доаѓа од Русија и е на Mail.ru. Ова може и да не значи ништо, но и телефонот кој е поврзан со адресата е на руски оператор.

STD Company за да не започне со својата „операција“ побара 1,5 биткоини, околу 10 500 долари.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments