Сајбер напади ги затворија тунелите во северен Израел

Сајбер нападите кои имаат последици на физичко ниво се се почеста опасност. По изралските напади на постројките за збогатување на ураниум и заканите за напад на американските централи, и постројки за транспорт и дистрибуција на нафта, најнова жртва на ваков напад е патната инфраструктура на Израел, јавува Business Insider.

Цел на нападот се тунелите на северот на Израел, во градот Хаифа, а нападот се случи пред еден месец, обелоденија безбедносни експерти. Нападнати се безбедносните камери во тунелот, а напаѓачите преку тројанецот го запреле сообраќајот во тунелот два дена по ред. Првиот ден тунелот и сообраќајницата беа затворени 20 минути, но вториот ден блокадата траеше осум часа. Штетата направена со застојот во сообраќајот се проценува на наеколку стотици илјади долари.

Израел е честа цел на напади на хакери, а нападот на тунелот кој е клучен дел од сообраќајницата која го поврзува третиот по големина град во Израел е напад врз најголема цел досега. Осомничена за нападот е хакерска група слична на Anonymous или токму хактивистите. Можноста напаѓачите да се дел од сајбер војска на некоја неријателска држава, како на пример Иран се исклучени со образложение дека сепак нападот не е доволно софистициран.

Токму ваквите напади ја означуваат новата ера на напади врз Израел, велат високи извори од Војската на Израел. Најголем дел од системите се автоматизирани, особено кога е во прашање безбедноста. Ова значи дека пристап до системите преку Интернет или на друг начин, имаат и злонамерни хакери. Израел е една од државите кои се најчеста цел на сајбер напади и не се ретки деновите кога се нападнати илјадници цели. Во јуни премиерот на Израел, Бенџамин Нетанјаху, го обвини Иран дека преку Хезболах и Хамас ги напаѓа водоводот, електричната мрежа, железничкиот сообраќај и банките. Засега сајбер одбраната на Израел е победник во ова надмудрување, речиси без сомневање токму Израел е лидер на полето на сајбер безбедност во светски рамки.

Во исчекување на уште посериозни напади започнати се тренинг програми кои ќе овозможат на инженерите вработени во електричните компании и центрите за дистрибуција да ги препознаваат и пософиситицираните напади кои компјутерите нема да ги детектираат.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments