Quest Pro нов сет за виртуелна реалност од Meta

во Вести

Нов сет за виртуелна реалност, контролери, партнерства, гејминг, технологија, куп нови функционалности, беа дел од отворањето на Connect 2022. Конференција требаше да нѐ убеди сите за предностите на метаверзумот, но засега најголем дел од експертите и коментаторите, останаа неимпресионирани. Можеби главна причина за ова е екстремно високата цена на новиот сет за виртуелна реалност, па без разлика на импресивните спецификации ќе има сериозен проблем да ја пронајде својата публика.

Нов сет за виртуелна реалност Meta Quest Pro

Основачот на Facebook, Марк Закерберг веднаш ја отвори оваа конференција со најочекуваната вест – новиот хардвер од компанијата. Подолго време компанијата беше фокусирана на креирање на сет кој ќе биде достапен за купувачите. Со новиот сет Meta се обидува да ги покаже можностите на технологијата и да ги помести границите на она што сегашниот хардвер го овозможува.

Кога дизајнот е во прашање, иако Quest Pro е најмоќен сет на Meta, новиот уред изгледа значително помал и полесен. Дури и со додатоците како „магнетните покривачи за да не влегува светлина“, не изгледа дека корисникот премногу ќе се замори од тежината на очилата. Батеријата е сместена на задниот дел на уредот што прави баланс со предниот дел каде се сместени леќите, сензорите и дисплеите.

Новите леќи ја прекршуваат светлината неколкупати пред да биде испратена до окото, што овозможува да се намали потребното растојание од дисплејот до окото. Благодарение на ова новиот сет е со 40% потенок оптички стак (optical stack) од Quest 2.

Промени нема само во „елементите“ кои се свртени навнатре. Новата камера може да сними 4 пати повеќе пиксели од Quest 2, заедно со надградбите на процесорот, овој дел од хардверот овозможува креирање на поверодостојни аватари.

Нов систем леќи и нов хардвер

Новиот систем на леќи додава повеќе пиксели во центарот што овозможува појасна слика и го олеснува читањето. Надградба има и кај дисплејот. Тој повторно е LCD, но густината на пиксели е 37% поголема. Технологијата за локално затемнување која е имплементирана, овозможува 75% подобар контраст.

Quest Pro е првиот сет за виртуелна реалност од Facebook кој доаѓа со супер моќниот Snapdragon XR2+ процесор на Qualcomm. Процесорот е изработен како соработка на Meta и Qualcomm и без сомневање за него ќе дознаеме повеќе информации во деновите кои доаѓаат.

Надградба има и кај контролерите кои доаѓаат со вграден процесор, па сеа се компјутери сами по себе. Дизајнерите додадоа и куп сензори кои овозможуваат следење на положбата на рацете без за ова да е потребно да се користи хардверот од очилата. Ова овозможува следење на положбата на рацете од 360°, нешто што досега не беше возможно без надворешно следење. Надградба има и кај „haptic“-технологијата која овозможува подобри фидбек ефекти.

Една од надградбите кои се неочекувани е додатокот за контролерот кој го претвора во електронско пенкало. Со овој додаток корисниците ќе може да пишуваат на табла или на маса, како со пенкало, а резултатите ќе бидат видливи во виртуелниот свет.

Контролерите нема да бидат ексклузивна надградба на новиот сет и ќе може да се користат и со Quest 2. Oдделно, за пар, нивната цена е 300 долари.

Заедно со новиот сет за виртуелна реалност доаѓа и нов полнач. На уредот истовремено може да се полнат очилата и контролерите.

Секако не сите вести се добри. Уредот кој Meta го нарекува премиум, и сет за работа /продуктивност чини 1500 долари.

Нови аватари и нови функционалности…

Веројатно еден од интересните и можеби најимпресивните можности на претходните модели беше следењето на изразот на лицето на корисникот и префрлање на овој израз и на виртуелниот аватар. Девелоперите овој пат со Move SDK успеаја да ја подобрат „резолуцијата“ на овие изрази и уште попрецизно да ја префрлат од физичкиот во виртуелниот свет. Подобрувањето на аватарите за сите корисници е закажано за следната година.

Една од имплементациите на аватарите ќе биде во WhatsApp и Messenger. Во двете апликации во видео разговорите корисниците ќе можат да го заменат својот лик во видеото со виртуелниот модел.

Codec Avatar e напредна верзија на аватарот која доаѓа како фото реалистичен модел на ликот на корисникот. Предноста на аватарот е сличноста со корисникот, но главен недостаток е времето потребно за креирање на овој модел и потребната опремата. Meta сега работи на нов начин за креирање на овие модели. Секој корисник единствено со својот паметен телефон ќе може да креира своја виртуелна копија. Корисникот најпрво поминува 30-ина секунди во скенирање на своето лице со телефонот. Потоа се потребни неколку часови од овие слики да се генерира 3Д-модел.  

За иднината на метаверзумот

Една од функционалностите кои треба да ги натера ентузијастите, да се претворат во купувачи е новата, надградена канцеларија, која доаѓа како дел од Horizon Workrooms. Персонализираната канцеларија претставува идеален дел за работа во метаверзумот. Во неа потребите не мора да ги следат законите на физиката, па корисниците може да поставуваат огромни екрани во еден момент, и да ги избришат во следниот.

Во делот на идни функционалности влегуваат и дел од партнерствата на Facebook кој треба да нѐ убедат дека виртуелната канцеларија е единствената која ни е потребна. Microsoft Teams алатката доби своја виртуелна верзија за виртуелниот свет. Facebook работи на нова интеграција на Horizon Workroom. Функционалноста ќе овозможи луѓето да може да се приклучат на средбите директно од „workrooms“.

Во Meta сметаат дека очилата во иднина не само што ќе го заменат мониторот, туку ќе ја заменат целата соба. Виртуелниот свет ќе биде сѐ што било кога би било потребно за работа. Сепак носењето очила 8 часа во моментов е преголемо напрегање, и помалку делува на дистопија која малкумина ја посакуваат.

Сатја Надела од Microsoft во своето обраќање на настанот откри дека компанијата работи на додавање на Xbox Cloud Gaming за Quest. Засега технологијата е во рана фаза, но Microsoft се радува на следните верзии.

Дел од конференцијата беше оставен и за иднината на метаверзумот. Марк претстави нов контролер кој се носи како алка и може преку гестикулација да се користи како поедноставен контролер. Засега уредот е во фаза на развој и е единствено прототип. Сепак ова ниту е прв, а не е ниту најнапредниот ваков уред кој сме го виделе досега. Контролерот на Meta барем засега е наречен „Neural Interface“.

Уредот се носи како часовник и различна поставеност на прстите на раката пренесуваат различни команди. На пример Марк со допирање на палецот и показалецот со дланка свртена надолу го отвора екранот за пораки. Истиот гест со дланка која е нормална на земјата овозможува фотографирање во мултиверзумот.  Овие команди не се фиксни и корисниците може да ги променат.

Quest Pro не е за сите

За жал ова не е уред за виртуелна реалност кој треба да ја направи технологијата достапна за сите. Meta покажа дека може да направи полесен уред со помал габарит, но ова е направено на сметка на цената која е многу, мног,у повисока од Quest 2.

За уред кој навистина ќе треба да нѐ убеди дека е време за виртуелна реалност веројатно ќе треба да почекаме околу 10 години.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments