ФИНКИ одбележа 15 години постоење и промовираше рекорден број дипломирани студенти и магистри

во Вести, ИТ.МК

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) одржа
свечена церемонија на која беа промовирани новите магистри на науки и дипломирани
студенти, воедно одбележувајќи го и 15-годишниот јубилеј од основањето на
факултетот.

На настанот присуствуваа бројни гости од академската заедница, институциите и
индустријата, меѓу кои ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф.
д-р Билјана Ангелова, заменик министерот за дигитална трансформација, г-дин
Радослав Настасијевиќ Варџиски и генералниот извршен директор на А1
Македонија, г-дин Методија Мирчев, како и претставници од водечки компании и
партнери на факултетот.

“Во изминатите петнаесет години ФИНКИ се разви во една од водечките високообразовни институции во регионот во областа на информатичките технологии. Зад овој успех стои посветеноста на наставно-научниот кадар, административните служби, раководствата низ годините и, секако, студентите – кои со својот труд и талент ја градат репутацијата на факултетот“ – изјави Деканот на ФИНКИ, проф. д-р Петре Ламески.

Оваа година ФИНКИ бележи рекорден број дипломирани студенти и магистри. На
церемонијата беа промовирани:

  • 41 магистер на науки
  • 723 дипломирани студенти

Вкупно 764 нови ИТ професионалци, подготвени да придонесат кон развојот на
технологијата, иновациите и дигиталната економија.

Во рамки на настанот беа доделени и признанија за најуспешните студенти со
просечна оценка над 9.5, како и награди избрани од самите студенти во категориите
најколегијален, најангажиран, најпопуларен и најкомпетитивен дипломиран студент.
ФИНКИ изрази благодарност и до индустриските партнери кои континуирано го
поддржуваат развојот на факултетот и студентите, меѓу кои A1 Македонија, Valtech,
Loka и Singular.

„Вашата диплома не е само документ – таа е потврда за знаењето, упорноста и
подготвеноста да придонесувате во професионалниот свет“,
беше истакнато на
свеченоста.

Свеченоста заврши со честитки до новите магистри и дипломирани инженери, кои од
денес се дел од генерациите ИТ професионалци што ќе придонесуваат кон развојот на
технологијата и иновациите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk