1 коментар 1 мин. читање 22 септември, 2022

Words on Words е уникатна iOS игра за сите љубители на зборови

Доколку уживате во играње на класичниот крстозбор, тогаш Words on Words би можела да биде игра само за вас.

Се работи за iOS апликација која вметнува целосно нова димензија во класичниот крстозбор така што ви дозволува да играте врз веќе постоечки плочки со зборови за да создавате нови зборови и да добиете повеќе поени.

Поради механиката која ви дозволува да ставите уште дополнителни две плочки врз веќе постоечката, можностите за непресушни комбинации се исклучително големи, а што повеќе зборови откриете преку највисокиот столб – толку повеќе поени добивате. За поголем предизвик и стратешко планирање, доколку комбинирате исти букви, ќе можете да извлечете дополнителна плочка.

Words on Words можете да ја играте сами или онлајн со вашите пријатели.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Дејан
Дејан
3 years ago

Како е уникатна кога е Scrabble со некој + опции?

Мени
Заедница
Изглед
To top