Хрватската платформа GameBoost, која нуди услуги за гејмери доби инвестиција од 2 милиони евра

во Вести

Хрватскиот стартап Global Gaming Services доби нова инвестиција од 2 милиони евра од фондот Feelsgood. Со оваа инвестиција стартапот дојде до вкупно 2,5 милиони евра. Инвестицијата ја добија за развој на платформата GameBoost која нуди различни услуги за гејмери. Најголем дел од услугите се тренинг или помош при играње, но има и продажба на профили во различни рангови за League of Legends.

Feelsgood е хрватски фонд за ризичен капитал кој инвестира во стартапи. Претходно доверба во потенцијалот на GameBoost покажа Fil Rouge Capital кои инвестираа 500 000 евра. Најголема причина за зголемената доверба е сериозниот пристап во индустријата во која работат.

GameBoost е своевидна платформа која спојува поискусни играчи кои нудат услуги, и играчи заинтересирани за овие услуги. Барем досега услугите се поделени во три категории: помош и тренинг,  продажба на профили и duoplay (заедничко играње). Во моментов нудат услуги за: League of Legends, Valorant, LoL: Wild Rift, World of Warcraft, Overwatch 2, Teamfight Tactics… За заедничкото играње и менторирањето веројатно нема некакви поголеми проблеми, но продажбата на кориснички профили во најголемиот дел игри е прекршување на правилата за користење.

Во продавницата во моментов на продажба се куп League of Legends профили во различни лиги. Купувањето на профил им овозможува на играчите да играат со подобри и поискусни противници и соиграчи. Сепак за најголем дел од играчите ова ќе значи дека немаат доволно искуство во лигата во која се натпреваруваат. Со тоа се нарушува искуството на останатите играчи, што е една, иако не единствена причина, поради која продажбата на профили не е дозволена. Од друга страна, пониските лиги имаат други проблеми, па разбирлив е интересот на голем дел од играчите, да ги напуштат што е можно побрзо.

Продавачите на различните „пакети“ на Global Gaming Services се фриленсери. Најголем дел од продавачите и купувачите на услугите се странци, вели Кристијан Салијевиќ, основач на GameBoost за Netokracija.

Инвеститорите се импресионирани од работата на стартапот кој за кус период има огромен раст:

Самиот сектор во кој се наоѓа GameBoost рапидно расте, а тоа само дополнително им помага да добијат повеќе играчи. Во моментов во секторот доминираат двајца големи конкуренти, но верувам дека тоа не е проблем за Кристијан и остатокот од тимот, туку ги охрабрува да бидат уште пофокусирани на развојот на компанијата.

Планот и стратегијата на GameBoost се амбициозни и вистинско задоволство е да се види изгледот на лицето на Кристијан кога вели – „Ќе бидеме посилни и подобри од нив“, без разлика за каква цел станува збор. Сè што инвеститорите очекуваат од компаниите со портфолио е токму она што го прави тимот на Gameboost: тие се посветени, фокусирани на раст, испорачуваат на време, ги ангажираат најдобрите луѓе и растат. Имајќи го тоа предвид, очекувам дека компанијата наскоро ќе биде лидер во индустријата и број еден во секторот за игри, вели Стевица Кухарски од Fil Rouge Capital.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk