Интервју со Бранко Илишев: Воопшто не сум загрижен за иднината на SEO

во Вести

Вештачката интелигенција значително влијаеше на сите сектори, а SEO не е никаков исклучок. Google на самиот врв на резултатите од пребарувањето ги прикажува своите резултати, но со последниот напредок сега може да прегледува содржини и да генерира одговори на прашања. Многумина на ова гледаат со паника. Сепак, Бранко Илишев соосновач и COO во SmartClick вели дека ова е нова подобра ера во пребарувањето.

Бранко ни раскажа за влијанието на промените, важноста на препознатливоста на брендот, користењето на вештачката интелигенција и како во SmartClick се прилагодуваат на сите промени.

Бранко Илишев

Помина доволно време од последните надградби кои ги направи Google, кои се промените кои ги забележувате? Што најмногу ве загрижува кога иднината на SEO е во прашање?

Во последните две години Google направи суштински промени во начинот на кој ги прикажува резултатите. Најзначајните се преферирањето на AI mode наместо класичниот Search, појавата на AI Overviews наместо Featured Snippet (position 0), како и целосно редизајниран интерфејс на резултатите.

Но, и покрај тоа што на прв поглед делуваат како закана, овие промени всушност ја зајакнуваат SEO индустријата. Sеarch Engines евалуираат од класичен Search Engine во AI-powered Search Engines. Лично, воопшто не сум загрижен за иднината на SEO. Напротив, ова го гледам како една од најдобрите работи што ѝ се случиле на индустријата.

Сајтовите губат видливост затоа што самото откривање (discovery) повеќе не функционира. Дали ова значи дека класичниот SEO, каков што го знаевме изминативе 10 години, е официјално мртов за B2B секторот?

Во многу индустрии веќе се забележува значителен пад на органскиот сообраќај од Google. Најпогодена е информативната содржина, онаа што припаѓа на горниот дел од маркетинг инката (ToF). Ова не е само SEO проблем, туку има импликации врз целиот маркетинг екосистем, бидејќи токму оваа содржина служеше за едукација на потенцијалните клиенти.

Сепак, според анализите на SparkToro, содржините од средината (MoF) и долниот дел (BoF) на инката засега не трпат толкав удар. Интересно е што кај повеќе проекти гледаме парадокс: подобри позиции на Google, но помал сообраќај и притоа, значително подобри конверзии.

Причината е едноставна, корисниците доаѓаат веќе едуцирани. Дел од едукацијата се случува уште во AI Overviews или преку LLM алатки, па кога ќе стигнат до веб-страната, тие се веќе во фаза на донесување одлука.

Како му објаснувате на основач на SaaS компанија дека неговиот сајт е на прва страна на Google, но никој не клика затоа што AI Overview веќе го дал одговорот? Има ли поентата  рангирањето во вакво сценарио?

Иако кликовите од Google може да се намалени, присуството во AI Overviews  особено за MoF и BoF клучни зборови е исклучително важно. Забележавме интересна корелација колку повеќе цитати (citations) има брендот во AI Overviews, толку повеќе расте бројот на бренд пребарувања.

Кај SaaS основачи и маркетинг директори, фокусот секогаш е на приход и клиенти. Затоа објаснуваме дека корисниците кои се во фаза на купување веќе се запознаени со брендот и е можно да конвертираат преку други канали како direct или referral (вклучувајќи LLM).

Во тој контекст, AI Overviews имаат клучна улога во multi-channel конверзиите. Рангирањето сѐ уште има вредност, но не на истиот начин како порано.

Велиш дека по промените на Google подобро поминуваат тимовите кои „поседуваат категорија“. Што точно значи да се „поседува категоријата“ наместо да се рангира за клучни зборови?

Да се „поседува категоријата“ значи да се позиционираш како вистински експерт. Наместо да таргетираш изолирани клучни зборови, целта е да одговориш на сите релевантни прашања што ги има твојата публика.

Порано фокусот беше „каков текст да напишам за овој keyword“, додека денес фокусот е „како да го покријам целото знаење во оваа област“. Овој пристап не само што гради доверба кај корисниците, туку и кај Google – кој те препознава како авторитет во категоријата.

Колку е важна препознатливоста на брендот сега кога алгоритмите се непредвидливи?

Брендот моментално има поголема тежина од кога било. Колку е погласен и поприсутен брендот, толку подобри резултати постигнува и на Google и во LLM алатките.

Од искуство, јасно се гледа дека колку повеќе луѓе јавно го спомнуваат брендот, толку подобро перформираат неговите product/service страници. Брендот станува сигнал за доверба.

Како во SmartClick ја користите вештачката интелигенција за да изградите „предвидлив приход“ кога правилата на Google се менуваат речиси секој месец?

Во SmartClick приоритет ни е постојано да бидеме чекор напред. Тимот секојдневно анализира, тестира и прави reverse engineering на SERP-овите (Search Engine Result Page) за да разбереме што функционира и како да се адаптираме.

Во однос на AI, во последните месеци развивме интерни алатки кои автоматизираат голем дел од процесите што претходно ги правевме рачно. Ова ни овозможува да го префрлиме фокусот од оперативна работа кон стратешко размислување што е клучно за градење предвидлив раст.

Како ти лично филтрираш што е „шум“, а што е вистинска промена во стратегијата на Google додека ги советуваш клиентите?

Со тек на време научив дека она што Google го кажува и она што навистина го прави не е секогаш исто. Примери има многу од PageRank евалуација до детектирање на AI содржина. Постои една поговорка што често ја користам: „Не ме слушај што зборувам, гледај ме што правам“. Истото важи и за Google.

Затоа, наместо да се водиме по изјави, се водиме по податоци, тестирање и реални резултати. Со клиентите сме секогаш транспарентни и проактивни, и навреме ги информираме за промените и брзо се адаптираме.

Гледаш ли кај нашите компании свесност за овие промени или сè уште бркаат „ranking factors“ од 2024?

Свесноста сè уште е релативно ниска. Многу компании не го согледуваат целосниот потенцијал на овие промени. Сепак, позитивно е што се повеќе млади претприемачи активно истражуваат за можности преку Google и ChatGPT и поставуваат прашања за се адаптираат на трендовите. Тоа е добар сигнал дека промената веќе започнува.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments