Hero Survival е солидна Vampire Survivors алтернатива, особено во пресрет на Ноќта на Вештерките

Случајно или не, станавме огромни фанови на Vampire Survivors и на бројните клонови кои произлегуваат како директен резултат на таа игра. Апсолутно одушевени од Yet Another Zombie Survivors, побаравме утеха во Vampire Hunters и на крај завршивме со Fellowship. Таман кога почна прашината од таквата еуфорија да се стабилизира, бевме љубезно замолени да го погледнеме и најновото чедо на издавачот Sometimes You!

Hero Survival нема да ве импресионира со едноставниот дизајн и скромната палета од бои, но препознатливата формула е одлично реализирана и доколку сте фанови на акциони roguelite игри каде вие управувате со човечиња кои автоматски сејат деструкција врз орда од Halloween инспирирани суштества, па, Hero Survival е игра на која би требало да ѝ отворите кога чуете: Trick or Treat!

Тапкање низ познати стази

На располагање имате четири мапи. Секоја од мапите драстично се разликува една од друга, не само во поглед на палетата од бои кои се искористени, туку и во поглед на дизајнот и поставеноста на елементите, создавајќи вешта, иако едноставна илузија дека се работи за уникатни домејни (зелена рашумена зона, гробишта, снежно поле, или пустина).

Мапите се изненадувачко мали, но полни со разнолики непријатели кои ја користат секоја прилика да ве опколат од сите страни. Секоја од зоните се одликува со уникатни параметри како број на непријатели, издржливост, колкава штета прават, и колку парички и искуство даваат. За да отклучите мапа, потребно е да издржите доволно време за да се појави и да го уништите ѓаволот од претходната мапа.

Halloween на едноставен, но забавен начин

И покрај шареноликата графика и разиграни анимации и музика, ова е одлична игра за ноќта на вештерките бидејќи низ мапите демнеат суштества како мумии, зомби, костури, духови вампири и слични жители од зоната на самракот. Секој од непријателите се одликува со различна издржливост, брзина на движење и деструктивност.

Монотонијата на константното трчање низ мапите се разбива со повремено отклучување рандомни и привремени способности, моќи и оружја. Благодарение на ова ем полесно се справувате со пеколните бранови ем секој ран добива поразлична димензија од претходниот.

Пеколна печалба

Со паричките кои ги собирате можете да отклучувате една од две работи. Од една страна, првично со Џек, но доколку соберете доволно пари, ќе можете да си ја пробате среќата до некој од другите пет ликови. Секој од ликовите се разликува во бројни атрибути, како издржливост, штит, брзина, интелигенција, критични напади, домен на привлекување парички, и слично. Од друга страна отклучувате најразлични почетни оружја.

Иако за ликовите добивате бројни информации, за четиринаесете оружја не знаете ништо и мора да ги отклучувате етапно, едно по друго, па тогаш да дознаете кое оружје го добивате, каква штета прави, кој е доменот на куршумите и која е вредноста за критичните погодоци, како и која е брзината на репетирање. Ниту ликовите, ниту оружјата не се евтини и потребен е голем грајнд доколку сакате да го искусите максимумот од двете страни.

Потенцијал за релаксирачка забава

Во моменти на физичка и емоционална исцрпеност, Hero Survival се чинеше како идеално решение за инстантна доза на релаксирање. Едноставното трчкање низ шареноликите мапи и автоматското собирање и активирање способности, моќи и оружја пружа прилики да пуштите мозокот на паша и да се опуштите со едноставна, но пријатна забава. Од таа причина, времето кое ние го поминавме со Hero Survival вредеше. Се надеваме дека, доколку ѝ прижите шанса на играта, и самите ќе се најдете во слична ситуација.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: PigeonDev
  • Издава: Meridian4
  • Жанр: survival action-roguelike
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Ќе излезе во: октомври 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments