Trolls vs Vikings: Reborn сака да биде следната Plants vs. Zombies

Ах, Plants vs. Zombies – една од најдобрите игри на која со огромно задоволство и се навраќаме од 2009-та година. На времето, играта успеја да направи вистински бум во гејмерската индустрија со невообичаените механики и симпатичните ликови. Развојното студио Megapop мора да биле преголеми фанови на играта, работејќи на одново ревитализирање на забавната формула преку нивната штотуку-излезена Trolls vs Vikings: Reborn!

Смешна и забавна игра за епската битка помеѓу троловите и викинзите

Trolls vs Vikings: Reborn e, всушност, надградената верзија на познатата мобилна игра која на Play Store повеќе не може да се најде, но ја има сеуште на App Store.

Основната игра останува иста: имате за задача да ја браните вашата територија од неуморни бранови од викиншки воини, користејќи арсенал од троловски одбрамбени единици и магии. Имено, од левата страна поставувате ваши единици кои автоматски напаѓаат противници кои се појавуваат од десната. Иако играта почнува релативно лесно, дозволувајќи ви полека да се прилагодувате на механиките, работите за брзо време излегуваат од контрола. Trolls vs Vikings: Reborn знае да биде исклучително предизвикувачка игра која ќе ги тестира вашите стратешки способности низ 34 немилосрдни нивоа.

Специјални мисии со нордиски богови и сценарија се значително проширени каде се бара внимателни планирање и брзо размислување. Едно од најзначајните подобрувања е значителни променетиот систем за надградба. Проблематичните pay-to-win механики кои ве мачеа низ оригиналната игра сега се заменени со релативно фер систем кој балансирано го следи и наградува вашето напредување. Од време на време, стандардните мисии се заменуваат и со вонредни стази каде само користите супермоќи за елиминирање на брановите.

Разноликите мапи нудат доволно забавни места за динамичните пресметки, а слично би можеле да го кажеме и за дизајнот на единиците, како и нивните анимации. Но, иако ни беше забавна играта, имавме впечаток дека нешто фали во неа. Иако играта се труди од петни жили да биде достојна алтернатива на Plants vs. Zombies, сепак го нема истиот шарм, едноставно ѝ фали душа, оставајќи, на моменти, неисполнително и празно искуство кое, за жал, не може да стори раме-до-раме со гигантот од кој е толку јасно инспирирана.

И покрај ова, доколку барате предизвикувачка игра која се одликува со слични механики како чедото на Popcap, чедото на Megapop (боже, и имињата им се слични), е топла препорака, особено доколку сакате и да користите уникатни моќи за уште поефикасно уништување на противничките бранови.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Megapop
  • ИздаваMegapop
  • Жанр: стратегија
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 7 март 2025

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments