0 коментари 3 мин. читање 2 февруари, 2022

И Google Fonts ја прекршува Општата регулатива за заштита на податоците

Окружниот суд во Минхен му изрече симболична казна од 100 евра на неименуван оператор на веб-сајт поради непочитување на одредбите од Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR). Причина за казната е испраќање на IP адресата на посетителите на веб-страницата до Google, преку интеграција на Google Fonts на страницата.

Минатиот месец, Австриската агенција за заштита на податоците донесе одлука според која Google Analytics не е во согласност со GDPR. Причината за оваа одлука беше што податоците за аналитика на сообраќајот се чуваат и обработуваат на сервери во САД. Ова беше потврда на одлуката на Европскиот суд на правдата, од јули 2020 која ја прогласи „Privacy Shield“ за недоволна заштита за податоците на Европјаните. Поради ова и самата обработка на податоците на Google Analytics во САД е недозволена.

Во двата случаи причина за неусогласеност со GDPR се личните податоци на корисниците. Во Европа со GDPR податоците како: IP-адреса, ID за огласување и интернет колачиња, се прогласени за информации со кои може да се идентификува корисникот. Поради ова, едно од барањата е за користење и обработка на овие податоци да мора да се добие согласност од носителот на информациите.

Проблемот е што при воспоставување на врската за вчитувањето на фонтовите од Google Fonts, со серверот на Google, се споделува и IP адресата на корисникот. Google нема никакви скриени намери со кои ги собира податоците, туку едноставно вака функционира http-повик. Дали, како и колку Google понатаму ги користи овие податоци засега нема информации.

Што значи ова

Google Fonts нуди можност за преземање на фонтовите и нивно хостирање локално и тоа е наједноставно решение. За ова, корисникот може да ги преземе фонтовите и да ги „качи“ на својот сервер. Со ова решение, не е потребна комуникација со серверите на Google Fonts, па IP-адресата нема да се сподели со нив, и нема потреба да се бара дополнителна дозвола од корисниците.

Секако ова би го отворило прашањето и за користењето на Google Fonts, и дали воопшто ќе продолжат да постојат како сервис.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top