1 коментар 3 мин. читање 29 јули, 2022

МАНУ објави вебсајт за македонските дијалекти

Дијалект или наречје е разновидност на еден јазик којшто се зборува на одредена географска област. За разлика од литературниот јазик дијалектот не е кодифициран. Најчесто се користи при усна комуникација (говор), а поретко во пишана форма. Овој народен говор претставува духовно културно наследство од исклучително значење. Наречјето има огромно значење за зачувување на традицијата, јазичните и културните специфики на населението во одредена област.

Ако сакате да прочитате и да слушнете за дијалектите во македонскиот јазик Дијалект е веб-страница креирана од Македонската академија на науките и уметностите. Тука може да се пронајдат различните дијалекти на македонскиот јазик, локации каде се зборуваат, може да се чуе и аудио за некои од зборовите, а за сите кои сакаат посериозно да ја разгледуваат оваа област, на страницата се поставени повеќе книги за наречја од различни региони.

Книгите се достапни и за преземање во pdf формат, а ова е и форматот во кој е достапен и најголем дел од содржината. Целата содржина на страницата е поделена во 6 секции. Дијалектни монографии – содржи 8 книги за дијалектите во македонскиот јазик.  Прашалник за собирање на дијалектен материјал – во овој дел е поместена единствено истоимената книга. Текстови од македонските дијалекти – секција во која се поставени повеќе текстови од различни подрачја во кои се говори македонски јазик. Дигитален речник на македонските дијалекти – своевидна база на податоци за дијалектите кои се говорат.

Последните две секции се и најинтересни. Дигиталната мапа на македонски дијалекти е мапа на која може да се пронајдат различни дијалекти. Дел од дијалектите се текст, но за дел има и аудио содржина. Мапата е креирана врз Google Maps, па прилично лесно може да се снајдеме на мапата.

„Мал атлас на македонските дијалекти“ е функционалност со мапа и неколку десетици зборови. Корисникот може да одбере збор и на мапата да ги види дијалектите за овој збор.

Целта на веб-страницата е да се овозможи проучување, заштита и афирмација на македонските дијалекти. Сепак за дел од обичните корисниците може да помогне да се запознаат со богатството на различни дијалекти на македонскиот јазик.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Futurelakimens
Futurelakimens
3 years ago

Нема ССЛ ✓
Мапата не им е авторизирана ✓

државно е сигурно

Мени
Заедница
Изглед
To top