0 коментари 3 мин. читање 2 март, 2024

Хрватската апликација Photomath префрлена на Google

Оваа недела во целост заврши „патот“ на хрватската апликација PhotoMath која од минатата година е дел од Google.  Апликацијата оваа недела конечно е издадена на Google профилот на Play Store и на AppStore.

Во февруари 2023 година Google објави дека ја купил хрватската апликација PhotoMath. Еден месец подоцна, откако Европската комисија процени дека купувањето на PhotoMath не е опасност за конкуренцијата за едукативните алaтки купувањето беше завршено. Првата процена беше дека сумата која ја плати Google за PhotoMath е околу 130 милиони евра. Сумата никогаш не беше потврдена, а подоцна се појавија и вести дека цената која ја платил Google е помеѓу 220 и 550 милиони евра.

PhotoMath е едукативна апликација која на корисниците им го олеснува учењето математика. Апликацијата е супер едноставна за користење, и им овозможува на корисниците да фотографираат некој математички проблем со камерата на својот паметен телефон и да добијат не само решение, туку и детално објаснување на чекорите како е дојдено до него. Започна со аритметички операции, дропки, децимални броеви, линеарни равенки, но оттогаш се додадени куп надградби и нови функционалности. PhotoMath има поддршка за алгебра, геометрија, статистика, тригонометрија и делови на математичката анализа (калкулус).

Апликацијата е издадена во 2014 година и има над 300 милиони преземања и оценка од 4,6⭐. Според овие бројки PhotoMath е една од најпопуларните апликации од регионот. Покрај бесплатната верзија PhotoMath има и премиум верзија со претплата од 10 долари месечно или 70 долари годишно.

https://youtu.be/qd37NrZY2_4

Google веќе има слично решение како PhotoMath. Google Lens апликацијата има слична функционалност, а и апликацијата Socratic нуди помош при едукација. Google оваа апликација ја купи во 2020 година, пишува 9to5Google.

Што ќе се случува со PhotoMath во иднина барем во моментов е непознато. Функционалноста можеби ќе биде интегрирана како дел во Google Lens. Сепак, PhotoMath веќе има голем број на корисници и на претплатници, па веројатно стандардната верзија на апликацијата ќе продолжи да постои и во иднина.

Појавувањето и развојот на вештачката интелигенција која е специјализирана за решавање на математички проблеми веројатно ќе има влијание и на специјализираните алатки како PhotoMath.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top