0 коментари 2 мин. читање 7 ноември, 2023

Веб сајт на денот: Fantasyjr има бројни активности кои можете да го печатите за вашите деца

Доколку сте родители претпоставуваме дека би сакале креативно да ги заангажирате вашите дечиња со одредени забавни активности. За таа цел, она што би ви било потребно е следниот вебсајт, печатач, и многу боички!

Fantasyjr е многу повеќе од она што би можеле да помислите на прв поглед. Лошиот дизајн и уште полошата поставеност на реклами лесно може да ве изгуби низ сајтот и да не ви го прикаже вистинскиот потенцијал.

Прекрасни и едукативни квизови може да најдете тука!

Откако ќе го посетите сајтот, имате на располагање илјадници најразлични работи за печатење кои подоцна може да се доизработуваат од децата. Клучните категории се дела на:

Независно од одбраната категорија, ќе можете релативно брзо да ја преземете и одпечатите соодветната активност за да детето веднаш се фрли на работа.

Овој сајт особено го препорачуваме и за наставниците кои можат да искористат тони интересни активности, но и целосни планови за тоа како да го одржат часот. Таквото нешто се наоѓа во одделот Teacher Worksheets & Lesson Plans, кој, всушност ве води на сајтот woojr.com!

Доколку оставите ваш имејл, бесплатно ќе добиете и PDF книга со најразлични активности за печатење!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top