Seafrog: трикови со скирол, но на поразличен начин

Што правите ако се најдете моменти пред паѓање од водопад во несигурно бродче со чиновски USB приклучок и клуч кој може да го користите како скирол? Звучи како кошмар? Можеби, но во шармантниот свет на Seafrog, ова е само почеток на вашата необична авантура. Оваа симпатична инди игра ви нуди уникатна можност да се издигнете од дното на една сосема невообичаена ситуација преку вешто скокање од еден нестабилен брод на друг.

Комбинација од трикови

Вашата мисија вклучува динамично лизгање за да избегнете пречки, изведување акробатски трикови за да добиете предност и прецизни скокови за да ги надминете предизвиците кои ви стојат на пат. Seafrog се одликува со креативно осмислени мапи кои изобилуваат со платформски можности, нудејќи ви мноштво начини да ја искористите околината во ваша корист.

Иако приказната е едноставна, таа е доволно интересна да ве води низ ова ексцентрично искуство, а квалитетната музика дополнително го збогатува амбиентот на играта. Подгответе се за скокање, лизгање и решавање проблеми во еден свет каков што досега не сте виделе!

Во Seafrog, 2.5D акционен платформер со необичен пресврт, вашиот огромен клуч станува повеќе од обична алатка – тој е вашето средство за акробации, функционирајќи како футуристичка верзија на мултинаменски скирол.

Со помош на мноштво флуидни движења, кои дополнително се надградуваат и прошируваат преку стратешко трошење гориво, ќе можете да изведувате неверојатни акробации, ефикасно да се пробивате низ непријателите, па дури и да ги предизвикувате законите на физиката движејќи се по ѕидови и плафони. Овој богат систем на движење ви овозможува да создадете вистински хаос низ мноштвото уникатни бродови кои го сочинуваат светот на играта.

За да ја подигнете забавата на уште повисоко ниво, Seafrog ви нуди можност да отклучувате, надградувате и користите нови, откачени способности кои ќе го збогатат вашиот арсенал на движења и ќе ви отворат нови начини за интеракција со околината. Овие новостекнати вештини ќе бидат особено клучни кога ќе се соочите со креативно дизајнираните, но крајно предизвикувачки босови кои ќе ги тестираат вашите акробатски способности и стратешко размислување до крајни граници.

Во случај да барате симпатични ретро-инспирирани платформери кои бараат предизвикувачко снаоѓање низ околината и против супериорните противници, чедото на OhMyMe Games е солиден избор.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments