Robobeat нуди адреналинска акција заснована на ритам

во гејминг

Зошто да ја играте?

  •  Брза и адреналинска roguelike акција заснована на ритам
  •  Процедурално генерирани мапи
  • Можност за вметнување ваша музика, покрај интегрираната музика и од игри како BPM, Dusk, Ultrakill

Robobeat е храбра игра која мајсторски експериментира со елементи од најразлични жанрови. Со акција која се заснова на музичкиот ритам, ќе трчате низ ѕидови, отскокнувате и пукате како да ќе нема утре.

Во ритамот на хаосот

Ах, техно… кој не го сака? Играјќи како Ејс, амбициозен и екстра талентиран ловец на глави (и техно фанатик), ќе имате за задача да сте константно во движење и целосно да сте усогласени со ритамот на динамичната музика.

Во суштина, Robobeat е акциска игра во прво лице каде користите најразлични огнени движења за да уништувате бројни непријатели. Но, Robobeat се истакнува од толпата генерични акциски игри така што ве охрабрува да пукате во ритамот на музиката, но и да правите паркор движења како скокање, лизгање, трчање по ѕидови, и слично. Комбинацијата на овие елементи е исклучително добро изведена.

Благодарение на флуидните движења и тесната усогласеност со аудио ефектите, се остава впечаток како и самиот играч да е дел од мелодијата. Како божествен инструмент кој ги надополнува сите останати музички инструменти, вие сте тие што директно влијаете на клучниот ритам. За подобра мотивација, како пукате усогласено со ритамот – така станувате подеструктивни во нападите.

Забавниот фактор во Robobeat е на заптепастувачко високо ниво, особено кога ќе стапат на сила бројни множители, засилувачи, како и употреба на специјална муниција.

Како две дополнителни, но еднакво силни точки во Robobeat се можностите за процедурално генерирање на мапите и поставување ваши песни.

На овој начин, развојното студио се има погрижено секое идно преигрување да е поразлично од претходното. Песните ги поставувате, кратите или менувате на брз и едноставен начин, се со цел да имате што е можно полично и поуникатно искуство низ непредвидливите мапи. Како шлаг на тортата, користењето на оружјата е исклучително задоволително, особено кога ќе го погодите ритамот и ќе уживате во хаотичните ефекти на вашето деструктивно мајсторство.

Иако играта е излезена во мај минатата година, причината поради која пишуваме за неа сега е неодамнешното излегување на PS5, Xbox Series X|S, и Nintendo Switch.

Времето поминато во Robobeat беше квалитетно и незаборавно. Во случај да бевте фанови на Bullets Per Minute и сакате да навлезете во друга, еднакво квалитетна ритмичка игра, Robobeat никако не би требало да биде заобиколена.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Simon Fredholm
  • Издава: Kwalee
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на:  14 мај 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments