2 коментари 3 мин. читање 22 октомври, 2023

Негувајте ја вашата љубов кон поезијата со Poems & Codes

Во свет каде акцентот е сѐ повеќе на социјалните мрежи и дигиталните форми на забава, традиционалните активности, како читање или, не-дај-боже, пишување поезија, губат на значење.

Придружувајќи се до добро познатата изрека: „aко не можеш да ги победиш – придружи им се“, креативното студио Hero Game Co LLC произлегува со интересна идеја да ја модернизира поезијата, така што ќе ја преточи во дигитална форма на забава.

Предизвик маскиран во поезија

Poems & Codes е игра која ви дозволува да го истражувате преубавиот свет на поезијата така што дешифрирате познати строфи. Имено, низ стиховите недостасуваат одредени букви и ваша задача ќе биде да откриете кои од понудените букви треба да се искористат за да се комплетира строфата.

Ваквите „загатки“ почнуваат лесно, но знаат да бидат комплицирани со понатамошно навлегување во комплексниот свет на поезијата. Празните места во стиховите ги пополнувате така што избирате букви со вашето глувче или пак ја користите тастатурата. Преку тастатурата, копчето TAB ве води кон следното празно место, а ctrl + z ве враќаат еден чекор назад доколку направите грешка.

Poems & Codes е игра која е замислена да понуди релаксирачко искуство преку имплементирање на еден од најстарите кодови за шифрирање. Иако предизвикот знае да прогресивно расте, целата игра е со пријатен дизајн и релаксирачка музика, а скромната механика на дешифрирање е замислена да оди во чекор со вашето моментно расположение.

Па така, на располагање имате над 400 извадоци кои се сервираат преку различни теми. Во моментот кога ќе дешифрирате извадок, ќе можете да ја прочитате целата песна, или да ја преземете целата колекција од авторот преку Project Gutenberg.

Интерактивна ризница од впечатливи дела

Слично на релаксирачките сложувалки, така и Poems & Codes се стремите да дојдете до една целина. Но, наместо слика, вашата финална дестинација е откритие на пејзаж од зборови: отворен за индивидуално толкување и еуфорично кокетирање со зборовите на големите мислители. Доколку отсекогаш сте биле љубители на поезијата, Poems & Codes е алатка која ви дозволува да ја издигнете таквата љубов на ново, поинтимно ниво и подлабоко поврзување со вашите омилени автори.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Hero Game Co LLC
  • Издава: Hero Game Co LLC
  • Жанр: Релаксирачка игра со загатки
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 17 октомври 2023
Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
crossfire_hurricane
crossfire_hurricane
2 years ago

достапно е бесплатно демо на платформата Steam

Last edited 2 years ago by crossfire_hurricane
Мени
Заедница
Изглед
To top