SWORN: Roguelike авантура во Камелот

SWORN е игра со амбициозна цел: да ве вовлече во мрачната и разрушената верзија на легендарниот Камелот, нудејќи, притоа, феноменална графика и задоволителни гејмплеј механики. Како резултат, добивате кооперативен наслов кој ќе ве импресионира со интензивни битки и длабока прогресија. Но, дали е тоа доволно за да се ослободи кралството од тиранијата на корумпираниот Крал Артур и неговите витези на тркалезната маса?

За потребите на приказната, SWORN црпи инспирација од богатата таписерија на Артуровите легенди, извртувајќи ја кличната идеја со мрачен пресврт. Некогаш славниот Камелот сега е обвиткан во темнина, а самиот Артур, заедно со неговите најверни витези, имаат подлегнато на одвратна корупција. На ова патешествие, ќе се сретнете со познати ликови од легендите, како што се моќниот волшебник Мерлин и загадочната Нимуе, барајќи помош во борбата против сеопфатната темнина што го има зафатено Авалон.

SWORN става силен акцент на кооперативното искуство. Играчите можат да се здружат со пријатели, комбинирајќи ги уникатните сили и способности на уникатните ликови на изненадувачки начини. Тимската работа и стратешкото користење на вештините се клучни за совладување на предизвиците што ги поставуваат витезите на тркалезната маса и, на крајот, самиот Артур. Но, потребно е да се нагласи дека играта е доволно интересна и доколку поминете низ неа сами.

Независно од тоа како ќе решите да ја играте SWORN, имате на располагање преку 200 уникатни благослови кои драстично го менуваат стилот на игра. Флексибилноста е клучна на постојано менливите и крајно непредвидливи бојни полиња на Камелот. Играта поттикнува експериментирање, нудејќи илјадници можни комбинации преку избор на херои, оружја, способности и благослови, овозможувајќи ви да создавате уникатни билдови со различни, но секогаш деструктивни резултати.

Визуелно, SWORN се истакнува со својот впечатлив уметнички стил, инспириран од делата на познатиот американски стрип-уметник Мајк Мињола. Овој уникатен пристап создава мрачна, но стилизирана атмосфера која го оживува светот на паднатиот Камелот. Како одлично надополнување на атмосферата, оригиналниот саундрак придонесува за целосна имерзија во играта, нагласувајќи ја тензијата на битките и мистеријата на приказната.

SWORN ветува е возбудлива rogue-like игра која нуди длабоко кооперативно искуство, богата приказна вкоренета во легенди, и огромна репетитивност преку својот систем на благослови и билдови. Со својот уникатен уметнички стил и предизвикувачки гејмплеј, играта има потенцијал да ги освои како љубителите на Артуровите митови, така и оние кои бараат интензивна акција и стратешка длабочина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments