0 коментари 2 мин. читање 12 април, 2023

Бројни продавници на PC дигитални видео игри на едно место!

Во денешно време, дигитализацијата е во полн ек, а игрите никако не се исклучок. Поради бројни предности, особено во ситуации на огромни попусти, гејмерите полека но сигурно го имаат целосно прифатено дигиталното купување игри и нивно преземање и играње преку соодветните клиенти. Steam е секако најпознатиот клиент и продавница, но е далеку од единствената. На располагање имате многу повеќе продавници кои се одликуваат со нивни засебни клиенти или пак продаваат клучеви кои се активираат на одредени клиенти.
Во оваа прилика правиме листа од авторизирани продавници кои продаваат игри или клучеви за игри.

Продавници и клиенти:

  1. Steam
  2. EA Store
  3. Ubisoft
  4. GOG
  5. Epic Games Store
  6. Blizzard Shop

Продавници на клучеви:

  1. The Humble Store
  2. Green Man Gaming
  3. Gamebillet
  4. Fanatical
  5. GamesPlanet
  6. WinGameStore
  7. GamersGate
  8. Voidu
  9. IndieGala

Дефинитивно избегнувајте импулсивно купување од првата продавница на која ќе наидете затоа што, во еден или друг момент, има многу продавници кои игрите ги нудат за помалку пари. За да знаете точно каде е одредена игра најевтина во моментот би можеле да се консултирате со веб сајтот CheapShark. Со впишување на името на играта инстантно дознавате каде се продава и по која цена, заедно со линкови до нејзино пристапување. Лесно можете и да оставите мејл за да добиете известување наредниот пат кога одредена игра ќе стане поевтина од одредена сума.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top