Македонија започна да ги пребројува своите стартапи за вештачка интелигенција

Gemini

Додека светот се натпреварува кој побрзо ќе ја искористи вештачката интелигенција (ВИ), преку големи јазични модели кои им помагаат на милиони корисници, до стартапи што преку ВИ развиваат терапии за ретки болести или целосно автоматизираат деловни процеси – трката за талент и иновации не сопира, и се чини дека во последната година истата постојано руши нови рекорди. 

Големите компании ги откупуваат најдобрите тимови и инжинери, трошејќи милионски суми, а фондовите за ризичен капитал предводат рекордни финансиски рунди за стартапи кои работат на нови ВИ решенија. 

Истовремено, секојдневно слушаме за нови апликации кои ветуваат поголема продуктивност, автоматизација и скалабилност. Тука кај нас, иако Македонија нема свои ChatGPT или Midjourney, сепак постојат тимови и компании кои веќе развиваат ВИ продукти, и тоа во сектори како енергетика, финтек, логистика и малопродажба. 

Во последните неколку недели пак, актуелна е и една нова иницијатива за мапирање на ВИ екосистемот во Македонија, а зад ова стои Горан СтојановскиИТ претприемач и основач кој својата кариера ја започна како професор на ФЕИТ, а потоа се впушти во бизнис водите преку основањето на Елевејт Глобал, една од првите компании во регионот што користат ВИ за подобрување на процесите во енергетиката.

Горан Стојановски

Првичните резултати покажуваат дека во земјава има околу триесетина компании кои работат на продукти и услуги користејќи ВИ, a целта на мапирањето е да се покаже дека кај нас многу повеќе ВИ приказни отколку што мислиме. „Ова се првите мали чекори што водат до голема локална ВИ приказна. Треба да се поврземе и да соработуваме ако сакаме заедно да раснеме. Сега е моментот,“ вели тој.

Со Горан разговаравме за тоа зошто е важно да знаеме кои сме на оваа сцена, дали кај нас постои вистинска ВИ заедница, и што ни треба за да почнеме да создаваме продукти што ќе бидат конкурентни надвор од границите на Македонија.


Горан Стојановски: Од почетокот на 2025 година, присуствувам на голем дел од настаните посветени на ВИ во Скопје. Дополнително, бев дел и од многу други настани кои не беа примарно фокусирани на Вештачка интелигенција, но поради глобалниот тренд ВИ беше неизбежна тема. На сите настани постојано се повторуваше иста мантра:

  1. Ова е нова технолошка револуција (слична на .com и crypto)
  2. Сега е шансата да започнеме со градење продуктни или SaaS компании
  3. Поголемиот дел од македонската ИТ сцена последниве 30 години е базиран на аутсорсинг, што ефективно е размена на време за пари.

И нема ништо лошо во тоа, но за локалниот развој и создавање долгорочна вредност, аутсорсингот е на најниско ниво. Причината е едноставна: кога работиме аутсорсинг, интелектуалната сопственост останува кај клиентот. Кога градиме свој продукт или сервис, долгорочната вредност (ИП-то) останува кај нас, бидејќи ние го преземаме и ризикот.

Верувам дека ова е уникатен момент за да ја забрзаме трансформацијата од сервисна кон продуктна индустрија и да изградиме продукти и решенија кои ќе бидат конкурентни на светскиот пазар. Имаме компании и поединци кои веќе знаат како се градат услуги и продукти за интернационални клиенти, тие не секогаш се од ИТ индустријата. Но, сè уште не сме доволно поврзани.

Има премногу „екипи“, ретко се споделуваат добри приказни, а и ретко учиме од непријатните искуства на другите. Овие работи функционираат многу подобро во нашето соседство. Таму постојат живи заедници каде овие искуства се споделуваат и како резултат сите се движат побрзо напред.

Сега да одговорам. Како што напишав во постот, сакав да се преброиме – тоа е првиот чекор за да можеме да си помагаме. Анкетата досега ја пополнија 30-тина компании, од кои 55% се продуктно ориентирани. Иако има компании кои оперираат во ист сектор, нема директни конкуренти – имаме нула локална конкуренција, и најголем дел од компаниите се само-финансираат (bootstraping).

Знаејќи го тоа, ние веќе немаме изговори да не си помагаме. Треба да ги имаме предвид решенијата кои нашите компании ги нудат секогаш кога купуваме или кога препорачуваме.

Дали ги имаме целосните податоци? Краткиот одговор е – не. Но ќе работиме со тоа што го имаме. Ако други сакаат да се приклучат, анкетите ќе останат отворени уште некое време. Се надевам дека со вистински информации и настани ќе ги привлечеме луѓето кон оваа заедница. А секако и дека со дозвола на компаниите кои учествуваа на мапирањето, планираме да ги споделиме продуктите и решенијата онлајн.


Многу зависи од аголот. Ако зборуваме за едукација, имаме неколку групи што организираат meetup-и и презентации. Од таа страна мислам дека сме добри. Ако зборуваме за бизнис заедница, имаме неколку здруженија кои ја покриваат традиционалната бизнис сцена. Но тие се фокусирани на класични бизниси и стартапи и тешко можат да им помогнат на ВИ стартапите без да се трансформираат и самите. 

Затоа овие компании често не знаат кому да се обратат, и на крај, работат сами. Една цел на оваа иницијатива е да се запознаеме, да можеме да прашаме колега што веќе поминал низ слична ситуација и да не мораме сè да преживуваме сами. 


Ќе бидам директен:

1. Бизнис едукација. За да направиш бизнис треба да решиш проблем за кој некој е спремен да плати. Звучи едноставно, ама кој не пробал – не знае колку е тешко тоа. Според мене ни треба дел од општеството кој е многу повеќе капиталистички и претприемнички настроен. 

2. Локална соработка помеѓу бизнисите и технолошките компании. Имаме силни програмери, но најчесто работиме за плата, а не за поголемите бенефити. Најдобриот начин ова да се промени е локалната индустрија да почне да им дава шанса на локални ИТ компании да решаваат реални индустриски проблеми. Наместо да плаќаме лиценци на странски компании, здружено треба да креираме  свои производи. Бизнис знаењето од индустријата во комбинација со новите технологии и ВИ ни отвора нови скалабилни бизниси.

3. Пристап до пазари. За жал, не сме дел од големите пазари. Млада компанија од нашата земја има многу препреки да продава и да се позиционира надвор. На овие теми не зборуваме јавно. Скоро секоја компанија од ИТ сферата, го гази патот сама. 

Да не бидам негативен:

  • Имаме интересни настани и добри говорници.
  • Имаме силна техничка едукација.
  • Финансирањето не мислам дека е проблем, за добри идеи секогаш има пари. Дополнително, ВИ отвора можности и за “seed-strapping”, што е олеснување за сите кои имаат добри идеи. “Seed-strapping”  како концепт во ИТ, ја намалува потребата од надворешен капитал и им дава поголема контрола на претприемачите, да можат да градат, тестираат и скалираат без да се откажат од голем дел од сопственоста.
  • На крај имаме многу убави (и свежи) примери кои веќе извезуваат интелект (HeyReach, Brainster, …)


Тешко е да одговорам во туѓо име. Сигурно, дел од компаниите под соработка мислат нешто што ќе има директен бенефит за нив. Нема ништо лошо во тоа, но мојот став е дека тоа не е најдобриот пат до градење на заедница. 

За мене соработката значи размена на искуства. Од отворање компании на странски пазари, преку структурирање на опции за први вработени, до специфични технологии и алатки за ВИ, сето тоа е знаење што лесно може да се сподели. Во Силиконската долина a16z направи бренд, бидејќи им овозможи на претприемачите да имаат пристап до информација (а информацијата е моќ). 

Нивната претпоставка беше дека кон претприемачите никој не се однесува со потребната почит, и направија поинаква приказна, приказна каде претприемачот во фокусот. Како фонд, им овозможија на претприемачите да го работат она во што се добри – градењето на бизнисот, а тие покрај со средства ги поддржуваат со контакти. Да ја презентираш идејата пред вистинските луѓе, рано во развојот е бесценето. 

Ние немаме такви фондови, но може да изградиме мрежа од луѓе кои се спремни да помогнат, кој колку и кога може. Во мојата глава така е дефинирана соработката. Ова изгледа едноставно, но е голема промена во начинот на размислување за бизнис. Бизнисот мора да им служи на другите – во спротивно ја губи својата вредност. Ако од цела оваа иницијатива успееме да го направиме само тоа – сме ја постигнале целта.

Ни треба простор во кој многу брзо ќе можеме да дознаеме што се случува на сцената, и да побараме и дадеме помош на другите претприемачи. Да бидам јасен, не мислам дека овој предизвик треба да се решава на дигитален начин, иако има очигледни придобивки од нешто такво.

Нам ни треба вистинска платформа, место каде претприемачите што работат на нови технологии, но и другите, ќе можат да споделуваат искуства, совети и идеи

Луѓето се многу поискрени и попријатни кога разговараат во живо, па затоа, би било добро да имаме клуб со предавања и можност за средби еден на еден, по едноставна методологија и заеднички интерес. Се надевам дека со оние кои искажаа интерес да помогнат во градењето на една ваква заедница, ќе најдеме начин како ова да го постигнеме. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments