Alexa+: И Amazon има вештачка интелигенција

во Вести

Долгоочекуваната верзија на Alexa со генеративна вештачка интелигенција, Alexa+, конечно пристигна. Amazon го најави асистентот пред повеќе од една година, но сега конечно го видовме во акција. Според првите примери Alexa+ во најголема мерка ќе му биде конкурент на Gemini.

Овој напреден асистент е дизајниран да ја олесни комуникацијата со звучник за паметен дом. Alexa+ има способност да нарача производи наместо корисникот, да испраќа покани за настани и да запомни детали како омилени филмови и омилена храна.

Опсесијата на Amazon да обезбеди најудобно купување не е изненадување. Она што е помало изненадување се две нови функции наменети за деца: „Explore with Alexa“ и „Stories with Alexa“. Овие функции, кои користат напредни AI можности, ќе бидат достапни за претплатниците на Amazon Kids+. Тие се дизајнирани да им помогнат на децата да истражуваат интересни теми и да ја поттикнат нивната имагинација преку интерактивна комуникација и визуелни содржини, пишува TechCrunch.

Функцијата Explore им овозможува на децата да поставуваат прашања како „Дали растенијата можат да комуницираат меѓу себе?“, на што Alexa ќе одговори: „Растенијата комуницираат, но не преку зборување.“ Од друга страна, со „Stories with Alexa“, децата можат да побараат генерирање приказна врз основа на одреден предлог, како на пример: „Создади приказна за брадест змеј кој свири на саксофон“.

Alexa+ ќе биде достапна единствено со претплата по цена од 19,99 долари месечно. За претплатниците на Amazon Prime ќе биде бесплатна. Со оглед на тоа што Prime чини 14,99 американски долари месечно или 139 долари годишно, ова претставува попривлечна понуда. Alexa+ ќе биде поддржана на речиси сите досега издадени Alexa уреди, вклучувајќи ги Echo Show 8, 10, 15 и 21. Компанијата потврди дека раниот пристап започнува следниот месец и дека ќе има нова мобилна апликација која ќе ја придружува оваа верзија.

Една од новите надградби на Alexa+ е способноста да комуницира во долги разговори. За ова не треба да се користи зборот „Alexa“ за секоја команда. Асистентот сега има и визуелни способности, па ќе може да фотографира и да анализира слики.

За жал иако импресивни, најголем дел од презентираните можности се веќе видени. Amazon демонстрираше како Alexa може да го извести корисникот за достапност на билети за концерти, да резервира маса во локален ресторан и да анализира документи, пример: упатства, рецепти и рачно напишани белешки. Новиот интерфејс доаѓа со сина линија позната како „Alexicons,“ која визуелно треба да ја претставува личноста на Alexa. Дополнително, Alexa+ може да креира рутини во паметниот дом базирани на навиките на корисникот. Корисникот може да добива вести од финансиски пазари, спортски настани и слично. Партнери на компанијата се The Associated Press, Politico, The Washington Post и Reuters.

Асистентот користи повеќе модели на вештачка интелигенција, вклучувајќи го сопствениот Amazon Nova модел и модели од компании како Anthropic. Системот го избира најдоброто решение за секоја задача. Асистентот се интегрира со популарни услуги како Uber Eats, Sonos, Wyze, Zoom, Xbox, Plex, Dyson, Bose, Grubhub, Levoit и Ticketmaster, пишува Verge. Една од демонстрациите беше соработката со AI генераторот за музика Suno. Alexa во живо создаде кантри песна инспирирана од мачка.

Во вештачката интелигенција конкуренцијата е силна, со ривали како Google Gemini, ChatGPT и надградената Siri од Apple. Најголемата предност на Amazon е што Alexa+ е веќе интегрирана во милиони паметни звучници ширум светот. Доколку компанијата успее успешно да ја имплементира најавената функционалност, Alexa+ би можела да стане стандард за идните виртуелни асистенти.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments