Pixelshire: долго очекувана, но полна со технички проблеми

Pixelshire ветуваше да понуди интересен спој на жанрови, комбинирајќи елементи од симулација на живот, градење град, истражување и борба во уникатно RPG искуство со отворен свет. Играчите треваше да добијат забавни можност за градење и развивање на градот, истовремено развивајќи ја нивната заедница и истражувајќи го пространиот континент.

Централното искуство во Pixelshire е градењето и обликувањето на вашиот сопствен град. Имате слобода да го планирате распоредот според вашите желби, да поставувате згради и да создавате уникатен изглед. Оваа слобода се проширува и на самата земја, дозволувајчи ви да копате реки, да формирате ридови или да го менувате пејзажот на начини што ја одразуваат вашата имагинација.

Заедницата исто така требаше да игра клучна улога во Pixelshire. Како што се запознавате со жителите, така градите пријателства кои се развиваат во поцврсти сојузи. Овие пријатели можат да ви се придружат на вашите авантури и да ви помогнат во собирањето ресурси или извршувањето задачи. Паралелно со ова, замислата е и да се помага на другите жители. Со извршување на задачи за нив, отклучувате нови вештини и таленти кои се поврзани со професиите на тие ликови.

Покрај градењето на градот и интеракцијата со заедницата, Pixelshire требаше да понуди и значаен дел за истражување и авантура. Континентот Аркадија е првенствено замислен да биде огромен и исполнет со волшебни предели и скриени богатства, дозволувајќи ви да истражувате опасни подземни локации, да ископувате вредни руди и да откривате тајни скриени под површината, неисклучувајќи го и борбениот систем кој додава елемент на акција.

Арно ама, доколку ја посетите Steam страницата на играта ќе забележите претежно негативни рецензии. Според првичните повратни информации од играчите, лансирањето на Pixelshire наиде на одредени технички проблеми. Некои играчи известија за присуство на грешки кои биле забележани уште во демо верзијата пред неколку месеци и кои очигледно не биле поправени до моментот на објавување. Пријавени се визуелни пропусти и проблеми со големината на елементите на екранот. Контролите се опишани како незгодни и неконзистентни, при што одредени интеракции функционираат поинаку во различни моменти. Тука се и броини багови поврзани со исчезнување на одредени активности, автоматско завршување на квестови или несоодветно трошење на ресурси при изработка.

Некои играчи сметаат дека играта е едвај игрива во моментов поради овие проблеми. Има поплаки за растенија кои умираат и покрај тоа што се наводнуваат правилно, како и можност за поставување мебел еден врз друг. Системот за инвентар исто така е критикуван како збунувачки, при што несакајќи се бришат одредени предмети.

Имајќи ги предвид овие извештаи за грешки и проблеми со играњето при лансирањето, потенцијалните купувачи можеби ќе сакаат да почекаат неколку месеци за да видат дали програмерите ќе ги решат пријавените проблеми преку закрпи пред да се одлучат за купување.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk