0 коментари 2 мин. читање 24 јули, 2023

„AI Tech Summit“- Прв меѓународен високо-технолошки самит за вештачка интелигенција во Скопје

Од 29-ти до 30-ти септември 2023 година во салата на Националната Опера и Балет во Скопје, за прв пат ќе се одржи водечки меѓународен високо-технолошки самит. На самитот ќе стане збор за истражување на моќта на вештачката интелигенција и новите технологии.

Светски реномирани експерти za Вештачка Интелигенција од водечките светски комании како Microsoft, Google, Spotify, BBC, Boston Consulting Group, Wipro, Universal Robots и др. ќе бидат дел од говорниците и панелисти на првото издание на „AI Tech Summit“ во Скопје, меѓу кои и Jeanne Lim, креаторката на првиот хуманоид робот во светот наречен Софиа.

Главни теми кои ќе ги опфати самитот се: иднината на работата во ера на Вештачка интелигенција, етичките и правните норми и нивна примена, користењето на вештачката интелигенција во индустриите, како и соработката и ко-еволуција на вештачката интелигенција со луѓето за унапредување на човештвото. 

Позади „AI Tech Summit“ стои TBM Group, водечка европска компанија за организација на светски реномирани конференции со дванаесет годишно искуство во светот на бизнис евенти.

За повеќе информации и билети, посетете ја веб страната www.techsummit.ai

Следете го AI Tech Summit на социјалните медиуми и поврзете се со светски познатите експерти. 

Билетите се ограничени. Не пропуштајте ја шансата да ја обликувате иднината. Бидете дел од револуцијата на вештачката интелигенција.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top