YouTube тестира курсеви како нова содржина

во Вести

YouTube е одлична апликација за забава и разонода, но на неа може и нешто да се научи. На платформата може да се најдат куп туторијали, упатства, совети, па и цели курсеви за различни области.

Од оваа недела YouTube започнува со тестови со кои на креаторите на содржини кои работат на едукативни видеа ќе им овозможи подобро класифицирање на видеата, но и нови начини за монетаризација. Новата функционалност е наречена „Courses“ и Google ја претстави на годишната конференција која се одржува во Индија.

Со промените YouTube наставниците ќе може да ги организираат видеата, да додаваат материјали за читање и прашања. Како и со остатокот на содржините на видео платформата, креаторот на содржината ќе може да одлучи дали ќе ги остави да бидат бесплатни или ќе ги понуди како платена содржина. За разлика од вообичаените туторијали на кои сме навикнати, новите курсеви ќе опфаќаат различни области, од академски предмети, до стручни интереси, пренесе TechCrunch. За содржината која ќе треба да се плати, по плаќањето ќе бидат отстранети рекламите.

Тестовите започнуваат наскоро. Оваа функционалност ќе биде тестирана во Индија. На тестовите YouTube соработува со LearnoHub, Speak English With Aishwarya и Telusko.

Предностите на онлајн курсевите

Предностите на YouTube не се премногу различни од сите останати платформи за едукација. Корисниците можат да пристапат до видеата во период кој им е најсоодветен, без ограничување од локацијата. До овие содржина може да пристапат од било кој уред со интернет врска, без разлика дали е телефон, таблет или телевизор. Дел од луѓето полесно учат и помнат ако содржината е визуелната и ако можат да видат видео демонстрации поврзани со темата која ја изучуваат.

Веројатно како и досега ќе може да видиме курсеви од различни области, па секој ќе може да пронајде соодветни теми и часови. Што се однесува до плаќањето веројатно ќе има и куп курсеви кои ќе бидат бесплатни.

Квантитетот на видеата и содржините за жал не значи и квалитет. Корисниците ќе треба да пронајдат добро продуцирана содржина која е информативна и корисна.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments