0 коментари 3 мин. читање 23 октомври, 2024

MetroLand е духовен наследник на Subway Surfers

Претпоставуваме дека порано или подоцна, колку и да не сте по игри на телефон, имате наидено на Subway Surfers. Оваа ултра популарна игра од SYBO Games ви дозволува да навлезете во бесконечни трки на најразлични локациии, трудејќи се, притоа, да избегнете што е можно препреки, да соберете што е можно повеќе парички и да се искачите што е можно повисоко на листата. Нема да погрешите доколку помислите дека MetroLand е помладиот брат на Subway Surfers, но за PC и конзоли.

Собирање парички како да ќе нема утре!

MetroLand се игра на потполно ист начин како и Subway Surfers. Трчате со еден од пет понудени тркачи на предизвикувачки мапи. Потребно е да избегнувате препреки додека брзината на трчањето станува се поголема и поголема. За време на трчањето потребно е да собирате парички и да освоите што е можно повеќе поени. Во таквото нешто може да би помогнат привремени моќи како штитови, магнети, бустери, и слично. Во случај да удрите во нешто или да бидете фатени, партијата завршува и она што ви останува е да пробате да видите дали ќе имате повеќе среќа со наредното преигрување.

Еден од неколкуте моќи што би можеле да ги користите

Кога не се тркате, ќе можете да ги надградувате вашите тркачи, да отворате кутиии кои ги наоѓате за време на тркањето, или пак да испраќате тркачи на мисии. Нема ништо комплицирано во играва. Како и играта за мобилни, така и MetroLand е замислена за да понуди брза и кратка разонода. Така да, доколку сте фанови на endless runner жанрот, ова е уште една игра која би можеле да ја проверите. Карактеристично за игрите на мобилни, така и MetroLand ве охрабрува да секојдневно да влегувате во играта и да собирате дневни бонуси, или да ја посетувате продавницата преку која можете да си се почестите нешто со валутата од играта, или со вистински пари.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Kiloo
  • Издава: QUByte Interactive
  • Жанр: endless runner
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 17 октомври 2024
Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top