JobMatch: Нова платформа за ИТ огласи во Македонија

JobMatch е нова алатка за автоматско следење на огласите за ИТ работни места во Македонија и извлекување на важни статистички податоци – како што се најбараните вештини, најчесто објавените позиции и како еволуира бројот на објави со текот на времето.

За разлика од традиционалните методи како што се анкети и прашалници, оваа алатка користи податоци во реално време кои секојдневно се извлекуваат од огласите за работни места, овозможувајќи им на корисниците да ги набљудуваат трендовите во индустријата додека се случуваат.

Иако информациите за платите во моментов не се достапни и многу професионалци сè уште влегуваат во индустријата преку лични препораки, алатката сепак нуди важни информации за трендовите во локалниот ИТ пазар.

Креатор на оваа платформа е Благој Јорданов, а тимот на IT.mk разговараше со него за деталите на JobMatch.

Од каде инспирацијата да се креира една ваква платформа?

Идејата дојде во 2023-та, кога бев на факултет. Јас и моите другари баравме пракса и
работа, и сфатив колку е тешко да се најде нешто што навистина ни одговара.
Некои
компании ни на LinkedIn не ставаа огласи, а пак тие што ги имаше – или беа некаков spam
или тотално out-of-scope на тоа што барам. Така се роди идејата за JobMatch – едно место
за сите ИТ огласи во Македонија, без замарање.

Кој е начинот на собирање и процесирање на податоците?

Се собираат директно од сајтовите на компаниите со web scraping. Секој сајт си е свој –
различен HTML, различна структура… Користам LLM за да ми помогне да ги извлечам и
процесирам информациите од огласите.
Иако не е лесно, многу е поедноставно од
порано. Сега барем е „тешко, ама возможно“.

Колку ИТ огласи имате собрано до сега на платформата?

Од лани во јуни кога ја пуштив jobmatch до сега има над 800 огласи. Почнав со помалку од
20 компании, а сега има веќе над 40.

Дали забележавте некои изненадувачки трендови во македонската ИТ индустрија?

Не би рекол изненадувачки, ама некои работи ми паднаа во очи. На пример, има премногу
.NET огласи – скоро секој ден излегува нов. Исто така, се гледа мал пораст на
побарувачка за AI/ML позиции
(соодветно на глобалниот пазар моментално), ама сè уште
девелоперите се број еден.


Во декември и јануари генерално има многу мал број на објавени работни позиции. Ако
барате работа во овој период и не наоѓате ништо, тоа е сосема очекувано
. Активноста
повторно се зголемува од март. За студентите, најмногу пракси се објавуваат во
март/април и повторно во септември/октомври.

Накратко: Кои се моменталните трендови во македонската ИТ индустрија?

  • Senior девелопери
  • .NET секогаш актуелно
  • AI/ML позиции се појавуваат, ама не се масовни
  • Пракси најчесто пролет и есен
  • Python и SQL се ултра барани – затоа што се користат во многу различни позиции

Кој е tech stack-от на JobMatch?

На backend користам Python со FastAPI микросервиси. Го обожавам FastAPI, стварно е
брз и лесен. Frontend е Next.js, а базата е MongoDB.
LLM-от што го користам за вадење на
огласите го хостирам локално преку Ollama. Целото е оркестирано со Кubernetes.

Кои се вашите идни планови?

Планирам да ја проширувам платформата со нови компании и нови алатки што ќе им
помогнат и на кандидатите и на компаниите. Голема цел е и да се вклопат и странски,
remote компании кои што вработуваат и во Македонија.
За жал, имам и полно работно
време, па не можам 100% да се посветам на JobMatch, ама ќе го одржувам и надградувам
колку што можам.

Совет до некој што бара работа: Како да се искористи jobmatch.mk најдобро?

JobMatch е тука да ти помогне да ги најдеш огласите што ти одговараат. Можеш да
филтрираш по skills, компании и сениоритет. Ама после тоа – топката е кај тебе.
Работи на
себе, учи нови работи, прави проекти. Платформата е тука да ти најде шанса – ама
успехот е твој дел.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.