Независно од тоа дали сте ученици кои бараат подобар фокус при учењето или професионалци кои копнеаат по релаксирачки моменти, Zen Sounds е апликација која може да ви помогне така што ви сервира внимателно одбрани звуци за исполнување на просторијата во која се наоѓате.
Со посетување на сајтот Zen Sounds добивате квалитетна колекција од звуци, уредно подредени во четири категории – Фокус, Медитација, Природа, и Вода. Приказот е чист и јасен, а со секоја кликнување на соодветниот звук, инстатно започнува репродукцијата. Директно од сајтот, можете да ја менувате јачината на тонот, како и да подесувате тајмер од 5 до 60 минути.
Zen Sounds е одлична колекција која покрај подобрување на вашиот фокус и ниво на релаксација, може да ви помогне и за подобро спиење, како и медитација. Управувањето со звуците е едноставно, но навистина нѝ е жал што не можеме да комбинираме повеќе звуци од еднаш, опција која е достапна во голем број други апликации од овој калибар. Исто така, дел од звуците нема да можете бесплатно да ги репродуцирате и имате месечни и годишни претплати.








