Striving for Light е втората игра на Igniting Spark Games, мало развојно студио од Германија. Парот првин дебитираше со Cookie Invaders, но подоцна решија да го раздлабочат знаењето во помрачна атмосфера. Можеби се сеќавате дека неодамна пишувавме и за Striving for Light: Survival – ова е помала игра која е директен резултат на Striving for Light.
Но, ако Survival беше фокусирана да понуди малку поразличен тејк на Vampire Survival, Striving for Light e чистокрвно инди издание кое има примеси на rogue-lite и hack and slash. Ова, во комнинација со уникатниот визуелен стил, нуди релативно добра забава, особено во втората фаза од играта.
Striving for Light е дел од раниот пристап на Steam
И покрај тоа што на играта уште се работи, клучните механики во Striving for Light се завршени. Можете да истражувате најразлични мапи кои се создаваат по случаен избор (random-generated), да го надградувате ликот преку дрво со вештини кое се проширува до недоглед, или пак да користите нови вештини и оружја.

На располагање имате 8 уникатни ликови, над 30 оружја и над 30 парчиња опрема. Вашата ефикасност се менува и во зависност од ликот и од оружјата и од опремата, особено кога ќе почнете подетална надградба преку дрвото со вештини.
Бројните непријатели и босови се движат различно, користат непредвидливи тактики и нудат солиден предизвик, особено на почетокот на играта кога е потребно да ги научите главните механики .
Подоцна, откако поинтимно ќе се запознаете со силните и слабите страни на играта, се отвара многу подлабока димензија и посилни можности за експериментирање.

Двете најсилни точки во Striving for Light се дизајнот и музиката. Буквално се што ќе видите во играта е рачно нацртано, со ретко-виден начин на анимирање. Благодарение на милозвучната музичка подлога, која исто така е самокомпонирана, навлегувате во невообичаен и уникатен свет кој преколнува да биде истражен. Работата на играта требаше да заврши пред година дена, но авторите сметаат дека уште не се завршени и често исфрлаат дополнителни надополнувања.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Igniting Spark Games
- Издава: Igniting Spark Games
- Жанр: Акциона RPG
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 29 ноември 2021







